Во еден неименуван град крај морето, власта воведува вонредна состојба. И така, хаосот се вселува во секојдневниот живот на луѓето: многумина остануваат бездомници, некои се апсени, некои се принудени на присилна работа, сите се исплашени и осамени… „Кревка рамнотежа“ раскажува за четворица ликови кои кога се заедно не можат да ја поднесат блискоста, но кога се далеку едни од други не можат да преживеат.
Среде политичките превирања во Индија, реалноста станува толку неверојатна, што дури и она што е измислено изгледа вистинито. Така, овој чудесен роман час може се чита како магичен реализам, час како историски портрет на распадот на една земја.
„’Кревка рамнотежа’ е грандиозно ремек-дело. Како и секој голем автор, Рохинтон Мистри го трансформира начинот на кој го разбираме животот.“ - Гардијан
„На Мистри не му е потребен магичниот реализам за да го направи светот поинтересен. Светот, погледнат низ неговите очи, е магичен.“ - Њујорк тајмс
„Монументално дело, горчливо-слатко, непредвидливо до последната страница иако е засновано на историски факти и реални настани.“ - Тајм
Кревка рамнотежа
- Издавачка куќа: Артконект
- Автор: Рохинтон Мистри
- Достапност: На залиха
- 550 ден
-
385 ден
-
- 1 или повеќе 385 ден
Слични продукти
Ајде да јадеме : Вкусни и посни рецепти за секој ден
Откријте ја магијата на здравата и вкусна исхрана со овој уникатен посен готвач, кој претставува вис..
552 ден 690 ден
Шинела и други раскази
Прозата на Николај В. Гогољ стои во основите на модерната европската литература, како претходник на ..
300 ден 400 ден
Били Ајлиш
Откриј се што сакаш да знаеш за лошата девојка на поп-музиката во една неверојатна книга!Били Ајлиш ..
280 ден 350 ден
Мраз во пламенот
Дебитантскиот роман на Е. Н. Веровска претставува вистинско богатство на македонската книжевност за ..
245 ден 350 ден
Ознаки: krevka ramnoteza, rohinton mistri
