Напишан од провокативната француска писателка и режисерка Виржини Депант, „Вернон Субутекс 1“ е маестрален портрет на современото француско општество. Вернон Субутекс, диџеј и продавач на грамoфонски плочи, добро познат во Париз, соочен со брзите промени кои се одвиваат во светот и со својата неиницијативност и мрзеливост, губи сè што има и од некогашна легенда, станува бездомник. Тоа само ја зацврстува неговата желба за живеење „од ден за ден“, со сите непредвидливости што тоа ги носи. Во обид да најде место за преноќевање, Вернон ги посетува своите некогашни пријатели, откривајќи за нив многу повеќе отколку што сака да дознае.

„Вернон Субутекс“ е камелеонски роман-колаж во кој приказната тече низ гласот на цела галерија чудесни ликови. Со овој роман, Депант го достигнува своето заслужено место во самиот врв на француската книжевност.

„’Вернон Субутекс’ е величествена фреска на сегашноста. Никогаш не се сомневавме дека Депант може да го напише овој роман, но никој не очекуваше дека тоа ќе го стори со толкава отменост.“ - Фредерик Бегбеде, „Ле фигаро“

„Она што Џојс го направи за Даблин, тоа Депант го прави за Париз… Ако некој современ роман со мирна совест може да се нарече ремек-дело, тогаш тоа е ‘Вернон Субутекс’.“ - Волстрит џурнал

„Мрачна комедија за денешното секојдневие, напишана со онаа типично француска зајадливост што се протега од Балзак до Уелбек.“ - Ле парисиен

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Вернон Субутекс

  • Издавачка куќа: Артконект
  • Автор: Виржини Депант
  • Достапност: На залиха
  • 350 ден


Слични продукти

Сидарта

Мудроста човек може да ја најде и да ја живее, со неа можат да се прават чуда!„Сидарта“ е еден од на..

Автор:

250 ден

Постара, но подобра, сепак постара

Со разиграна духовитост, светски совети и умешни забелешки, авторките на бестселерот "Како да бидеш ..

Автор:

700 ден

Џабе живиш у Скопје

„Џабе живиш у Скопје“ е збирка актуелни, изумрени и подзабораени поими, фрази, изрази, идиоми, апсур..

Автор:

250 ден

Скриени желби, немирни патувања

„Скриени желби, немирни патувања“ е мозаичен роман во кој врз основната приказна за четири ликови се..

Автор:

300 ден

Ознаки: vernon subuteks, virzini depant