Moур, средовечен актер, патува низ Европа со својата сопруга и двете мали деца. Посетуваат театарски фестивали на кои целото семејство ги изведува своите претстави. Соочено со сè поголемата омраза кон странците во Западна Европа, актерското семејство решава да се врати дома, во Чешка. Меѓутоа, нивниот пат до дома се претвора во пародична авантура со епски пропорции и митска симболика, често балансирајќи на работ на апсурдното.
Во својот најнов роман Јахим Топол ги крши конвенциите на раскажувањето, ги меша времињата, ги преплетува фантазијата и стварноста, ги претопува ликовите еден во друг – со цел да го наслика културниот, политички и социјален хаос во денешна Источна Европа. Ова е роман за „Дивиот Исток“, преполн со гротескни ликови, црн хумор и жестока општествена критика.
„’Чувствителен човек’ е сатира, делириум, авантура, археологија на збунетото време во кое живееме, а сепак и топло, хумано дело од првата до последната реченица.“ - Die Zeit
„Грандиозно дело што ја исмева и критикува какофонијата на денешното европско општество… Јахим Топол несомнено е еден од најинтересните современи чешки автори.“ - Frankfurter Allgemeine Zeitung
Чувствителен човек
- Издавачка куќа: Артконект
- Автор: Јахим Топол
- Достапност: На залиха
- 550 ден
-
385 ден
-
- 1 или повеќе 385 ден
Слични продукти
Мостот на Дрина
Со ова дело во светската литература монументално се воспева мостот во Вишеград како многуслојна врск..
413 ден 550 ден
Кревка рамнотежа
Во еден неименуван град крај морето, власта воведува вонредна состојба. И така, хаосот се вселува во..
385 ден 550 ден
Дервишот и смртта
Ахмед Нурудин е дервиш, припадник на мевлевискиот ред, шејх на теќе во една провинциска касаба.Кога ..
450 ден 600 ден
Ознаки: cuvstvitelen covek, jahim topol
