Вистински значајните нешта во нашите животи можат да се соберат само во две-три кутии. Ако навистина имаме среќа, на крајот во тие кутии ќе има само неколку спомени кои сакаме да ги заборавиме засекогаш. Дали е подобро да се соочиме со себе или да ризикуваме да се изгубиме себеси?

Преплетувајќи приказни за две исклучителни жени, храбриот роман на младата исландска книжевна ѕвезда, Кристин Еириксдотир, зборува за големите трауми и малите животни радости, за сеќавањето и заборавањето на најважните мигови од животот, за неправдата која е проткаена низ нашите животи и начините да ја надминеме, или барем да научиме да живееме со неа. „Елин, разно“ е исклучително актуелно дело кое ги допира горливите прашања со кои сме принудени да се соочиме во нашиот сè попроблематичен свет.

„Главните теми во делото на Кристин Еириксдотир се копнежот по љубов и разбирање, како и борбата против излоацијата, осаменоста, насилството и стравот. Романот ‘Елин, разно’ ги обединува сите овие мотиви. Во него јасно го слушаме моќниот глас на една млада жена, преточен во комплексен и густ уметнички текст.“ - Извадок од образложението на номинацијата за наградата за книжевност на Нордискиот совет

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Елин, разно

  • Издавачка куќа: Артконект
  • Автор: Кристин Еириксдотир
  • Достапност: На залиха
  • 325 ден
  • 228 ден


  • 1 или повеќе 228 ден

Слични продукти

Медеја

...Никој нека не ме смета безначајна и бессилна, ниту кротка, – јас сосем сум со друга природа…..

Автор:

200 ден 250 ден

Продавачката

Јас сум резултат на светот околу мене, а светот околу мене постојано се менува...„Продавачката“, ром..

Автор:

240 ден 300 ден

Тетка Хулија и скрибоманот

„Тетка Хулија и скрибоманот“ е брилијантен, повеќеслоен роман сместен во онаа Лима од младоста на ав..

Автор:

350 ден 500 ден

Лисица

Делото „Лисица“ од првата дама на ексјугословенската книжевност, Дубравка Угрешиќ, е роман, автобиог..

Автор:

263 ден 350 ден

Ознаки: elin, razno, kristin eiriksdotir