Една чешка сексуална работничка решава со читателот на овој роман да ги сподели своите размислувања за професијата што ја работи, за стареењето, за влијанието на новите технологии врз сексот и за суштината на материјализмот. Својот светоглед го пренесува преку скици за сценарио за документарна телевизиска серија, за која искрено и наивно сонува дека еден ден ќе биде снимена.
Исполнувајќи го површното секојдневие на својата протагонистка со фетишизам, насилство, хумор и чуден, ама неочекувано успешен, спој од вулгарен и поетски јазик, Петра Хулова на само стотина страници успева да создаде свет во мало преку текот на свеста на својот лик. „Пластично трособје“ е една од најнаградуваните современи чешки книги: последно во низата признанија е наградата на Англискиот ПЕН центар за најдобар превод во 2017 година.
„’Пластично трособје’ е застрашувачки искрен роман – не е лесно да ви се допадне, ама не може да не го цените.“ - LA Review of Books
„Може да се каже дека темата на сексот во книгата на Петра Хулова има три димензии: од игривост, преку сексуалните фантазии, се движи кон социјалниот аспект. Без морализирање. ‘Пластично трособје’ е фасцинантно книжевно достигнување.“ - Times Literary Suplement
„Кога би можело оваа книга да се означи со еден збор, што не би го употребила ни „елитната“ проститутка која е опишана во неа, тогаш тоа е зборот – демаскирање.“ - Die Zeit
Пластично трособје
- Издавачка куќа: Артконект
- Автор: Петра Хулова
- Достапност: На залиха
- 280 ден
-
196 ден
-
- 1 или повеќе 196 ден
Слични продукти
Кандид и Задиг
Најзначајните литературни дела на еден од најголемите духови на европската и на светската цивилизави..
245 ден 350 ден
Били Ајлиш
Откриј се што сакаш да знаеш за лошата девојка на поп-музиката во една неверојатна книга!Били Ајлиш ..
280 ден 350 ден
Тотем и табу
Книга во која е направен обид првобитната смисла на тотемизмот да се разгатне преку неговите инфанти..
210 ден 300 ден
Магионичарот
Во еден провинциски германски град, на крајот на дваесетиот век, момчето по име Томас Ман расте со к..
350 ден 500 ден
Ознаки: plasticno trosobje, petra hulova
