Мудроста човек може да ја најде и да ја живее, со неа можат да се прават чуда!
„Сидарта“ е еден од најдобрите алегорични романи на светот. Приказна за духовното патување на едно момче кое има сѐ, но постојано чувствува дека нешто му недостига. Затоа и заминува во потрага по вистината, по аскетски пат кој го носи до одрекување од богатството, задоволството, привилегиите, кој првин го фрла во очај, а потоа го лекува со надеж.
Барањето значи да се има цел, а наоѓањето значи да се биде слободен, отворен, без цел. Сидарта успева да се извлече од желбите и барањето, да стигне до духовно исполнување кое до ден-денес инспирира, воодушевува и влијае врз безброј генерации мислители, читатели, писатели и обични гости на овој свет.
Нобеловецот Херман Хесе е синтеза на различни филозофии – источните религии, Јунговите архетипови, западниот индивидуализам и една неповторлива творечка мисла – сите обединети во единствена визија за животот изразена преку еден лик во потрага по вистината. Со оваа книга тој во наследство не ни остава само класика туку и непресушна мудрост за смислата на постоењето.
Сидарта
- Издавачка куќа: Три
- Автор: Херман Хесе
- Достапност: На залиха
- 250 ден
-
200 ден
-
- 1 или повеќе 200 ден
Слични продукти
Крајпатни знаци
Ова постхумно објавено дело на Иво Андриќ е сочинето од голем број записи, согледби, куси повести, о..
525 ден 700 ден
Нераскажаната приказна за Квин : дали е ова вистинскиот живот?
"Дали е ова вистинскиот живот?" навлегува подлабоко во јавната слика на групата „Квин“ и во животите..
350 ден 500 ден
Автопортрет со седум прсти
Наспроти познатиот лиричар, на страниците на овој „Автопортрет со седум прсти“ се исправа еден друг,..
525 ден 700 ден
Ознаки: sidarta, herman hese
