Надија Мурад е родена во Кочо, мало језидско село на северниот дел од Ирак. Живеела опкружена со големо семејство и сонувала за тоа да стане наставничка по историја или да отвори свој салон за убавина. Во 2014 година, Исламската Држава го нападнала селото на Надија. Таа тогаш имала дваесет и една година и тука бил крајот на нејзиниот безгрижен живот. Милитантите на Исламската Држава ги масакрирале селаните што одбиле да преминат во ислам. Мајката на Надија била една од осумдесетте постари жени што биле егзекутирани, а нејзините браќа меѓу стотината мажи што биле убиени во еден ден. Заедно со илјадници девојки, Надија е однесена во Мосул за да стане сексуална робинка. Кога конечно успеала да избега, лутала по улиците на Мосул додека не пронашла спас во едно семејство сунитски муслимани, чиј најстар син си го ризикувал животот за да ѝ помогне.
Надија никогаш не ни сонувала дека ќе биде номинирана за Нобеловата награда за мир или дека ќе стане амбасадор на добрата волја на Обединетите нации. Луѓето што ја држеле во заробеништво ѝ зборувале дека Језидите ќе бидат избришани од лицето на земјата, а имало моменти кога и таа почнала да верува во тоа. Нејзината приказна го натера светот да обрне внимание на геноцидот во Ирак – бруталноста на Исламската Држава, убиствата, измачувањата, силувањата. Оваа книга е повик за дејствување, сведоштво за неуништувачката волја за преживување, љубовно писмо за изгубената држава, кревката заедница и семејствата разорени од војната.
Нобелова награда за мир за 2018 година.
Трогателна исповед на некогашната заробеничка на исламската држава.
Инспиративна животна приказна на храбра девојка што одбила да молчи.
Со предговор на Амал Клуни.
Слични продукти
Четириесет правила на љубовта
Во својот заводлив лиричен роман Четириесет правила на љубовта светски познатата турска авторка Елиф..
500 ден
Степскиот волк
Навистина, не е мудар оној што не ја познава темнината...Растргнатоста на духот на човекот, кој во р..
400 ден
Цел живот
Андреас Егер речиси целиот свој живот го поминува во едно мало село на Алпите. Само еднаш ќе го напу..
260 ден
Сакај ја диво
Со искреност, трогателност и романтичен занес, во Сакај ја диво е поместено сето она што истовремено..
360 ден
Ознаки: poslednata devojka, nadija murad
