Сонцето секогаш наоѓа начин да допре до нас.

Клара е она што во чудесниот и футуристички свет на Ишигуро се нарекува ВП, вештачки пријател – човеколик робот кој родителите им го купуваат на децата за да им овозможат друштво и поддршка. Хранејќи се со сончевите зраци во излогот на продавницата, набљудувајќи ги луѓето и сѐ повеќе разбирајќи ги нивните чувства, Клара надежно чека некој да ја вдоми.

Во мигот кога четиринаесетгодишната Џози решава токму Клара да биде нејзина пријателка, односот меѓу роботот и човекот добива друга димензија, а книгата станува преиспитување на емоциите. „Клара и сонцето“ е возбудлива книга со специфичен наратор, која ни овозможува од поинаков агол да проникнеме во едно од суштинските прашања на постоењето: што значи да се сака?

Од авторот на „Никогаш не оставај ме“ и „На крајот од денот“ – прва книга на Казуо Ишигуро по добивањето на Нобеловата награда за литература, фасцинантно дело за чудесната и мистериозна природа на човековото срце.

„Нежна, но вознемирувачка приказна натопена со тага и надеж.“ - Вашингтон пост

„Богатиот внатрешен свет на протагонистите на Ишигуро е носител на една голема порака, исто како и тивките и остроумни преиспитувања за човечката природа приземјени со возвишената сила на Клара... Оваа книга е слоевита синтеза од жанрови што навистина маѓепсува.“ - Паблишерс викли

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Клара и сонцето

  • Издавачка куќа: Три
  • Автор: Казуо Ишигуро
  • Достапност: На залиха
  • 500 ден
  • 400 ден


  • 1 или повеќе 400 ден

Слични продукти

Пинк Флојд : кога свињите ќе полетаат

"Кога свињите ќе полетаат" е првата комплетна биографија за групата Пинк Флојд. Ова проширено издани..

Автор:

560 ден 800 ден

Дневник од Гвантанамо

„Верзија на пеколот што го надминува Орвел, го надминува Кафка: постојана тортура пропишана од лекар..

Автор:

420 ден 600 ден

А Бабукар одеше на чело

„А Бабукар одеше на чело“ е современа италијанска приказна за четворица млади луѓе од различни африк..

Автор:

182 ден 260 ден

Диво месо

Диво месо е ненадминато ремек-дело на нашата драмска книжевност која и по 44 години од создавањето н..

Автор:

200 ден 250 ден

Ознаки: klara i sonceto, kazuo isiguro