Мојот живот беше исполнет со срам. Не можам ни да претпоставам како изгледа да се живее животот на човечко суштество.
Портретирајќи се како губитник, антихеројот од „Сè помалку човек“ го раскажува својот навидум нормален живот среде човечките суштества кои е неспособен да ги разбере. Неговите обиди да се вклопи во светот почнуваат уште од најраното детство. Прикривајќи ја својата другост и неможноста да го потисне стравот од нормална комуникација, тој постепено се претвора во кловн што ги засмева луѓето, а завршува со обид за самоубиство.
Без сентименталност и со сурова искреност, Јозо во своите записи ги засведочува секојдневните неправди од светот, своите неуспешни обиди да се вклопи во него и минливите мигови на човечки врски и нежности.
Делумно автобиографска, оваа фасцинантна книга е последното завршено дело на Осаму Дазаи и постојано доживува различни реизданија и адаптации. Втора најпродавана книга во Јапонија на сите времиња, „Сè помалку човек“ е моќна студија и доказ за состојбата на индивидуалната отфрленост од општеството.
„Борбата на поединецот да се вклопи во едно нормално општество е исто толку значајна денес колку што била и во моментот кога била напишана книгата.“ - Вилијам Бредбери
Се помалку човек
- Издавачка куќа: Три
- Автор: Осаму Дазаи
- Достапност: На залиха
- 250 ден
-
200 ден
-
- 1 или повеќе 200 ден
Слични продукти
Како да станеш фриленс артист
Дали ја имате пронајдено својата страст – работата што повеќе ја доживувате како уживање отколку как..
315 ден 450 ден
Крајпатни знаци
Ова постхумно објавено дело на Иво Андриќ е сочинето од голем број записи, согледби, куси повести, о..
525 ден 700 ден
Сеќавања, соништа, мисли
Ова автобиографско дело на Јунг е различно од најголемиот број дела од овој жанр.Додека стандардната..
350 ден 500 ден
Ознаки: se pomalku covek, osamu dazai
