„Замок“ е класика без која не може да се замисли книжевноста на XX век!
Приказната е навидум едноставна – К. на секаков начин се обидува до дојде до одговорните во замокот што управува со селото во кое е дојден да работи како геометар. Но никако не може да стигне дотаму – наместо тоа, наидува на луѓето од селото и ги доживува опскурноста и налудничавоста на нивниот туѓ свет. Сета содржина на ова книжевно ремек-дело може накратко да биде означена како залудни обиди на К. да го најде патот до замокот. Но едноставноста е само привидна. Уметничкиот космос на Кафка, кој се надоврзува на делата на Хофман, Гогољ, Достоевски, Е. А. По, е полн со параболи, сомнибулни ситуации и симболичка многузначност. Тој го маѓепсува читателот и го води во познати, но непрепознатливи предели, скриени во длабочините на нашето скриено „јас“. Со секое ново читање се исцртува нов пат низ лавиринтите на овој космос.
„Замок“ е роман за отуѓувањето, бирократијата и за бесцелните обиди на човекот да се бори против системот и уште едно од брилијантите дела на Кафка.
Оваа книга е прв интегрален превод на македонски јазик што ги содржи оригиналните поговори на Макс Брод и сите отфрлени фрагменти.
Слични продукти
Тишини
Романот „Тишини“ е првообјавениот роман на еден од најважните светски писатели на дваесеттиот век, М..
300 ден
Цел живот
Андреас Егер речиси целиот свој живот го поминува во едно мало село на Алпите. Само еднаш ќе го напу..
260 ден
Опијатите на лепословието
Оваа книга е моја лична теорија за романот, расказот и драмата, книга во која не само што пишувам за..
400 ден
Авантурите на Артур Гордон Пим, Филозофија на композицијата
Во ова уникатно издание се обединети две извонредни дела на готскиот мајстор Едгар Алан По.„Авантури..
350 ден
Ознаки: zamok, franc kafka
