Првиот и веројатно најведар роман на Кафка ја раскажува приказната за седумнаесетгодишниот Карл Росман, кој по една засрамувачка сексуална авантура со слугинката е „спакуван за Америка“ од страна на родителите. Очекувајќи да се искупи себеси во оваа „магична земја на можности“, младиот Карл е занесен од изобличени настани и вртоглави авантури.
Кафка никогаш ја немал посетено Америка и уште од првите страници на книгата очигледно е дека не му било целта да даде некаква реална претстава за неа. Слики од имагинарни пејзажи, злокобни опасности, безизлезни ситуации, постојани неправди и гротескни тензии меѓу ликовите го карактеризираат овој генијален роман.
„Америка“ е зачудувачки модерна и визионерска пародија за континентот што буди најразлични асоцијации и чувства, но и многу повеќе од тоа.
Америка
- Издавачка куќа: Антолог
- Автор: Франц Кафка
- Достапност: На залиха
- 400 ден
-
300 ден
-
- 1 или повеќе 300 ден
Слични продукти
Мала книга за Мерилин
Нека блесне твојата внатрешна Мерилин!Водич за живот и оддавање почит на стилот, гламурот и моќта да..
400 ден 500 ден
Избрани драми
Драмскиот автор, писател, драматург, професор, човекот Горан Стефановски, ни е повеќе од потребен то..
350 ден 500 ден
Ознаки: amerika, franc kafka
