"Дали е ова вистинскиот живот?" навлегува подлабоко во јавната слика на групата „Квин“ и во животите на четири исклучително различни личности, а особено на пејачот Фреди Меркјури.
И покрај смртта на нивниот енергичен водач Фреди Меркјури во 1991 година, бендот „Квин“ остана еден од најомилените рок-бендови на планетава, со триста милиони продадени албуми и голем успех на биографскиот филм за „Квин“ ‒ „Боемска рапсодија“. Сепак, целата приказна за нивниот извонреден подем и за вистините поврзани со енигматичниот Меркјури никогаш не биле откриени.
Новинарот Марк Блејк, автор на најпродаваната биографија на „Пинк Флојд“, се потпрел на своите стари интервјуа со членовите на „Квин“, а потоа направил повеќе од сто интервјуа со нивните продуценти, дискографски куќи, поранешни членови, блиски соработници и школски другари, вклучително и со многу познајници на Фреди Меркјури од раната возраст, со цел да состави комплетна, неверојатна приказна за подемот на бендот од предградијата до статусот на светски суперѕвезди. Книгата "Дали е ова вистинскиот живот?" првпат опишува на кој начин членовите на револуционерниот бенд станале светски шампиони.
Нераскажаната приказна за Квин : дали е ова вистинскиот живот?
- Издавачка куќа: Полица
- Автор: Марк Блејк
- Достапност: На залиха
- 500 ден
-
350 ден
-
- 1 или повеќе 350 ден
Слични продукти
На дното, Раскази
Ова издание ги обединува „На дното“, едно од најмоќните драмски дела на Максим Горки, и избор о..
280 ден 400 ден
Мојот пурпурен мирислив роман
Пријателството меѓу двајца писатели добива чуден пресврт кога едниот од нив одеднаш ќе стане успешен..
126 ден 180 ден
Дервишот и смртта
Ахмед Нурудин е дервиш, припадник на мевлевискиот ред, шејх на теќе во една провинциска касаба.Кога ..
450 ден 600 ден
Чуварот во ржта
Секогаш викам „Драго ми е што се запознавме“ на некој што воопшто не ми е драго што сум го запознал...
320 ден 400 ден
Ознаки: neraskazanata prikazna za kvin, dali e ova vistinskiot zivot, mark blejk
