Романот „Тишини“ е првообјавениот роман на еден од најважните светски писатели на дваесеттиот век, Меша Селимовиќ. За својот првообјавен роман Селимовиќ ќе каже: „Од 1951 до 1961 година настапи период на молчење. Малку обесхрабрен, малку незадоволен од тоа што го пишував, се подготвував за големата пресметка со самиот себе. Сè уште неподготвен да напишам роман за убиениот брат, пишував други работи. Во 1961 година е објавен романот ’Тишини‘. Тишини. Роман за човек што излегува од војната, кој во војната изгубил сè и кому му се создаваат страшни тишини на преминот од едниот во другиот живот. Иако романот е пишуван во прво лице и има форма на исповед, не е автобиографски. Но дилемите за кои зборуваат Тишините беа дилеми на многумина од нас кога се вративме од војната. Проблемот е морален и се сведува приближно на прашањето: што губи човекот кога го губи своето лично и што добива во заедничката придобивка.“
Слични продукти
Бризбејн
Евгениј Водолазкин во својот нов роман ја продолжува приказната за јунаците (исто како и во „Лавр“ и..
400 ден
Самоволно постапување
Естер Нилсон е разумна личност која работи разумна работа и има разумна љубовна врска. Но еден ден ќ..
300 ден
Сакај ме повеќе од се на светот
Животот на најголемата филмска и театарска дива на поранешните југословенски простори, Мира Фурлан, ..
700 ден
Сакај ја диво
Со искреност, трогателност и романтичен занес, во Сакај ја диво е поместено сето она што истовремено..
360 ден
Ознаки: tisini, mesa selimovic
