Џелалудин Руми, големиот пророк и трагач по внатрешниот мир и совршенство, е автор на возвишени стихови кои ги опеваат занесот и таинствата на сите видови љубов – еротска, божествена, пријателска – а во Големата црвена книга се собрани најдобрите од нив. Маестрално лирски и длабоко експресивни, тука се поместени стихови за божественото откровение, духовното будење, пријателството и љубовта. Стихови кои достигнуваат нови длабочини и ни откриваат несетени димензии. Зашто добрата поезија не познава граници и временски ограничувања.

Овие страници се полни со гроздови зрела духовна и контемплативна поезија, кои нудат допир со божественоста откривајќи ја патеката на љубовта посеана со страст, копнеж и постигнување единство со возљубеното. Стихови кои ги отвораат срцето и душата за сеопшта љубов која нè поврзува со сите луѓе и со сè што постои. Оваа раскошна и тешко достижна поезија, актуелна и цели осум века по нејзиното создавање, се смета за едно од најголемите богатства на персиската и светската литература. Ремек-дело што ги слави мистичната љубов, пријателството и животот.

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Големата црвена книга

  • Издавачка куќа: Три
  • Автор: Џелалудин Руми
  • Достапност: На залиха
  • 350 ден


Слични продукти

Мојата љубовна приказна

Продадени двесте милиони плочи. Дванаесет награди „ГРЕМИ“. Само една Тина Тарнер. „Правев опасни раб..

Автор:

450 ден

Порој од пепел

"И по оваа војна сме живи.Да го обновиме тлото повтормораме ние – смртници диви,да го уништиме секој..

Автор:

150 ден

Градината

Средина е на деветнаесеттиот век. На кнезот и кнегињата Борјатински им се раѓа задоцнето, неочекуван..

Автор:

500 ден

Како да станеш фриленс артист

Дали ја имате пронајдено својата страст – работата што повеќе ја доживувате како уживање отколку как..

Автор:

450 ден

Ознаки: golemata crvena kniga, djelaludin rumi