Џелалудин Руми, големиот пророк и трагач по внатрешниот мир и совршенство, е автор на возвишени стихови кои ги опеваат занесот и таинствата на сите видови љубов – еротска, божествена, пријателска – а во Големата црвена книга се собрани најдобрите од нив. Маестрално лирски и длабоко експресивни, тука се поместени стихови за божественото откровение, духовното будење, пријателството и љубовта. Стихови кои достигнуваат нови длабочини и ни откриваат несетени димензии. Зашто добрата поезија не познава граници и временски ограничувања.
Овие страници се полни со гроздови зрела духовна и контемплативна поезија, кои нудат допир со божественоста откривајќи ја патеката на љубовта посеана со страст, копнеж и постигнување единство со возљубеното. Стихови кои ги отвораат срцето и душата за сеопшта љубов која нè поврзува со сите луѓе и со сè што постои. Оваа раскошна и тешко достижна поезија, актуелна и цели осум века по нејзиното создавање, се смета за едно од најголемите богатства на персиската и светската литература. Ремек-дело што ги слави мистичната љубов, пријателството и животот.
Големата црвена книга 2
- Издавачка куќа: Три
- Автор: Џелалудин Руми
- Достапност: На залиха
- 350 ден
-
280 ден
-
- 1 или повеќе 280 ден
Слични продукти
Темната соба
Група млади луѓе решаваат да направат „темна соба“: затворен простор што ја блокира сета светлина. Н..
245 ден 350 ден
2 години, 8 месеци и 28 ноќи
Откако Њујорк ќе биде погоден од силна бура, границата меѓу световите ќе биде пробиена и започнува е..
462 ден 660 ден
И јас сум Сирма
„И јас сум Сирма“ не е роман, туку нешто меѓу сага и еп. Станува збор за збирка приказни што „авторк..
312 ден 390 ден
Ознаки: golemata crvena kniga, djelaludin rumi
