"Кога свињите ќе полетаат" е првата комплетна биографија за групата Пинк Флојд. Ова проширено издание на историјата на еден од најголемите рок-бендови на сите времиња е резултат на разговорите што авторот Марк Блејк ги водел со Дејвид Гилмор, Роџер Вотерс, Ричард Рајт и Ник Мејсон и интервјуата со други поранешни членови на бендот, продуценти, соученици, девојки, сценски техничари, цимери, менаџери, пријатели, непријатели и голем број други луѓе што имале увид во животот на членовите на групата и во нивната работа.

Комбинирајќи ги мислењата и сеќавањата на очевидците, оваа книга ја следи приказната на групата од нејзините корени во Кембриџ до нејзиниот глобален успех со „Dark Side of the Moon“ и нејзиниот горчлив распад во 80-тите години од минатиот век, од нивниот историски собир на Лајв 8 до смртта на основачот Сид Барет во 2006 година и сè што следувало потоа.

Прецизна, возбудлива и амбициозна како и секој нивни албум, "Кога свињите ќе полетаат" е прогласена за најкомплетна биографија на Пинк Флојд.

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Пинк Флојд : кога свињите ќе полетаат

  • Издавачка куќа: Полица
  • Автор: Марк Блејк
  • Достапност: На залиха
  • 800 ден
  • 560 ден


  • 1 или повеќе 560 ден

Слични продукти

Сеќавања

Книгата „Сеќавања“ е мемоарска проза на Меша Селимовиќ, објавена 1976 година, како форма на дневничк..

Автор:

300 ден 400 ден

Разговори во Париз

Пред диктафонот на црногорската новинарка Бранка Богавац, која веќе неколку децении живее во Париз, ..

Автор:

300 ден 400 ден

Боровите острови

Боровите острови истовремено е поетичен и смешно-ироничен роман за средбата со непознатото. Гилберт ..

Автор:

175 ден 250 ден

Најсреќниот човек на светот

Животот може да биде убав ако го направиш убав. Зависи од тебе. Еди Јаку отсекогаш се сметал се..

Автор:

312 ден 390 ден

Ознаки: pink flojd, koga svinjite kje poletaat, mark blejk