Алхемичарот е повест за едно долго и макотрпно трагање по сопствената среќа. Младиот андалудиски овчар Санитијаго тргнува во потрага по закопаното благо во египетските пирамиди. Воден од еден алхемичар низ пустината, тој ќе научи да го слуша своето срце, да ги чита знаците на судбината и што е најважно, да го следи до крај својот сон.
Посветена на детето што секој човек го носи во себе, Алхемичарот е чудесна филозофска приказна што не учи дека животот е една голема книга во која секој би можел да ги дешифрира знаците, доколку го „чита“ своето срце.
"Алхемичарот е своевидна филозофска сказна што критичарите ја споредуваат со Малиот принц на Сент Егзипери, затоа што преголемиот животен оптимизам и сонот авторот во ова дело ги толкува не како бегство, туку како начин за осознавање на реалноста. Американското друштво на книжарите во 1994 година го прогласи Алхемичарот за најдобра книга за млади. Алхемичарот претставува и тема на мјузиклот изведен во 1997 година во Јапонија, што како инспирација го користи композиторот Валтер Талеб за истоимената симфонија, пуштена во продажба во 1998 година, а филмската компанија Вернерс Брадрс ги има откупено правата за снимање филм."
Слични продукти
Медеја
...Никој нека не ме смета безначајна и бессилна, ниту кротка, – јас сосем сум со друга природа…..
250 ден
Фурам феминизам
Зошто мама раскрева по дома, а не тато? Зошто го носам презимето на тато, а не на мама? Зошто знаеме..
300 ден
Сакам, значи постојам
Сакам во себе содржи цел еден друг свет на можам! Тоа e оној внатрешен импулс на проактивност за под..
380 ден
Маж за придружба
Михал Кирхнер се раѓа како мимикрија на неговите хомосексуални родители. Неговото раѓање има за цел ..
330 ден
Ознаки: alhemicarot, paulo koeljo
