Главниот лик на романот, Инокентиј Петрович Платонов, се буди во болнички кревет и сфаќа дека не се сеќава на ништо – ни на своето име, ни како завршил тука. По предлог на својот лекар, ќе започне да го запишува секој детаљ што ќе се врати од неговото сеќавање. Платонов создава калеидоскоп од слики, лица, зборови, мириси, звуци и случувања поврзани со животот на еден млад човек во екот на Руската револуција, болшевизмот, необолшевизмот и анархијата… Иако поголемиот дел од неговото минато се однесува на почетокот на XX век, Платонов насетува дека се разбудил во едно друго време… На апчињата покрај неговиот кревет пишува дека е 1999 година?!

Во Русија нарекуван „Умберто Еко“, во Америка „рускиот Маркес“, Водолазкин со овој роман го оправдува и го потврдува епитетот гениј, создавајќи проза за сеќавањето и простувањето, за вината и невиноста, истовремено обликувајќи ја нежно и тажно, со силна духовна и литерарна димензија, претставувајќи го најмрачниот период на руската историја низ индивидуална судбина, зашто, како што и самиот вели, „политиката е на маргините во однос на она што се случува во душата на човекот“.

Дали Платонов ќе успее да се приспособи на својата нова реалност?

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Авијатичарот

  • Издавачка куќа: Антолог
  • Автор: Евгениј Водолазкин
  • Достапност: На залиха
  • 350 ден


Слични продукти

Разговори со ќерка ми за економијата

„Зошто има толку многу нееднаквост?“Ксенија го прашува својот татко, светски познатиот економист Јан..

Автор:

400 ден

100 највлијателни жени во историјата

Оваа мала збирка ги открива најинвентивните и најинспиративните жени во историјата: од Клеопатра до ..

Автор:

350 ден

Сенки од минатото

Емили де ла  Мартиниер отсекогаш се противеше на своето аристократско потекло. Сега е единствен..

Автор:

550 ден

Илон Маск: „Тесла“, „Спејс Екс“ и потрагата по фантастична иднина

За едни гениј на векот, за други луд научник, Илон Маск несомнено успева да го привлече вниманието н..

Автор:

600 ден

Ознаки: avijaticarot, evgenij vodolazkin