Мајра Грифитс, со прекар Патче, е малечко девојче кое живее во една дрвена куќичка на морскиот брег, заедно со татко ù, капетан на едреник, мајка ù и еден стар пензиониран морнар со дрвена нога - капетанот Бил. Патче и капетанот Бил најчесто ги поминуваат деновите на плажите во близина на куќичката или, пак, пловејќи во чамец покрај брегот.
Еден ден, Патче посакува да види сирена и, навистина, нејзината желба се исполнува. Сирените им објаснуваат на капетанот Бил и на Патче дека тие се добри морски самовили и ги канат да го посетат нивниот подводен свет, така што и самите ќе станат сирени. Патче е воодушевена од овој предлог, а капетанот Бил не сака да ја пушти да оди сама, па заедно се впуштаат во оваа неверојатна авантура. Но, тука е и лошиот маѓесник Зог, кој е заколнат непријател на сирените.
Морските самовили
- Издавачка куќа: Арс Ламина
- Автор: Л. Френк Баум
- Достапност: На залиха
- 199 ден
-
159 ден
-
- 1 или повеќе 159 ден
Слични продукти
Бонтон за деца
Со оваа книга ќе научиме бонтон, односно правила за добро однесување...
298 ден 350 ден
Ежето Боцко
Еден сончев ден Биби, Боби и жителите на Волшебната шума играа фудбал. Малку шутираа, малку се караа..
170 ден 200 ден
Во светот на бајките
Избор од најубавите класични бајки, омилени меѓу сите деца, преку кои се открива волшебниот свет на ..
374 ден 440 ден
Што е река?
Реките пренесуваат седименти и чувства, ги оживуваат земјата и духот, и поврзуваат места и времиња. ..
420 ден 600 ден
Ознаки: morskite samovili
