Нилеј беше нетрпелива да оди на училиште и да го види Омер, нејзиниот нов соученик, бидејќи многу ѝ се допаѓаше. Но, училиштата беа затворени поради обилните снежни врнежи. Камо да имаше моќ да го контролира времето… Таа ја изусти оваа желба додека одеше под големиот даб во паркот. И се случи… На главата ѝ падна волшебен желад. Следното утро на вратата најде шарен чадор. Кога го отвори, чадорот потпукна и снегот престана да паѓа и сонце повторно светеше. Повторно потпукна, овој пат врнеше! Таа повторно го направи тоа и денот се претвори во топол летен ден! Таа и нејзиниот татко ја искористија оваа можност за прошетка во шумата каде што забележаа луѓе како со булдожери сечат дрвја за да изградат вила, дивоградба во шумата. Нилеј повторно, бесно потпукна со чадорот за да врне. Така изградбата запре некое време.
И така се случи…
Но, на тој начин бескрајните врнежи дожд би имале драстични ефекти врз другите луѓе во градот. Уште полошо; кога присуствуваше на роденденската забава на Омер, дозна дека таткото на Омер е тој што раководи со дивоградбата. Уништена од веста, Нилеј сега мораше да најде начин трајно да ја запре изградбата без да ги повреди чувствата на Омер, кој всушност не знае дека градбата е нелегална.
Волшебниот чадор
- Издавачка куќа: Прозарт
- Автор: Фатих Ердоган
- Достапност: На залиха
- 350 ден
-
245 ден
-
- 1 или повеќе 245 ден
Слични продукти
Авантурите на госпоѓа Тркалезна, том 2
Нови авантури и нови посетители во светот на госпоѓа Тркалезна. Еден ден Ирија, Бруно и неговиот коњ..
240 ден 300 ден
Биби и џиновите
Во оваа сликовница нашата хероина Биби се запознава со џиновите, на кои несомнено им е потребна нејз..
170 ден 200 ден
Биби, Боби и снежната кралица
Биби и Боби тргнуваат на магична авантура за да ја запознаат мистериозната Снежна кралица. Заед..
170 ден 200 ден
Ознаки: volsebniot cador, fatih erdogan
