Погледнат низ детските очи светот е енигма често драматична. Затоа Малиот принц не престанува да поставува прашања за смислата на животот. Одговорите што ги добива од возрасните се бизарни со својот груб рационализам и ја покажуваат во вистинска светлина извештаченоста на светот на возрасните, па затоа авторот усогласувајќи го својот светоглед со штедрата фантазија на детето, ја наоѓа волшебната формула за излез од агонијата на еден свет лишен од вистинските вредности. Патешествијата на Малиот принц од планета на планета, од откритие до откритие се во значајна мера и едукативни, а оваа лирска сказна овоплотена со сликовит и езотеричен јазик во целост е поврзана и со традицијата на филозофската апологија и токму тоа е она што ја означува необичноста на Малиот принц, за кој без сомневање се можни безброј интерпретации.

Сказната „Малиот принц“, што е раскажана во прво лице и е проследена со навидум наивни цртежи и акварели од авторот и со едноставноста на раскажувачкиот тон, со ненаметливите реплики и со фантастичниот аспект на опишаните доживелици, претставува неповторливо четиво, пред сè за децата, но и за читателите од сите возрасти.

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Малиот принц

  • Издавачка куќа: Три
  • Автор: Антоан де Сент-Егзипери
  • Достапност: На залиха
  • 150 ден
  • 120 ден


  • 1 или повеќе 120 ден

Слични продукти

Тајните на планетата Заз

Биби, Боби, Зази и Дедо Мраз од Заз слетуваат на планетата Заз. Ооо, колку е прекрасно да се запозна..

Автор:

170 ден 200 ден

Ричард Трети

„Ричард Трети“ е една од најпопуларните историски драми на Вилијам Шекспир. Се случува во последните..

Автор:

128 ден 160 ден

Волшебниот чадор

Нилеј беше нетрпелива да оди на училиште и да го види Омер, нејзиниот нов соученик, бидејќи многу ѝ ..

Автор:

245 ден 350 ден

Светот на Биби од А до Ш

„Светот на Биби од А до Ш“ е првото печатено издание од „Светот на Биби“. Оваа исклучителна сликовни..

Автор:

417 ден 490 ден

Ознаки: maliot princ, antoan de sent egziperi