Лујзa Л. Хеј, авторка на многу бестселери, е светски познат лидер во областа на самопомошта. Нејзината клучна порака гласи: „Ако сме подготвени да ја завршиме менталната работа, речиси сè може да се излекува“. Во "Како да го излечите својот живот" таа ни нуди длабок увид во односот меѓу умот и телото.

„Животот е навистина многу едноставен. Она што го даваме, тоа ни се враќа“, вели таа. „Она што го мислиме за себе, станува вистина за нас. Верувам дека сите, вклучително и јас, сме одговорни за сè што ни се случува во животот – добро или лошо. Секоја мисла што ја создаваме ја формира нашата иднина. Ние ги создаваме своите искуства со нашиот начин на размислување и со чувствата. Мислите што ги вртиме во главата и зборовите што ги кажуваме ги создаваат нашите искуства.“

Полн со идеи и стратегии кои биле успешни за милиони луѓе низ светот, овој практичен водич за самопомош ќе ви го промени начинот на размислување засекогаш! Истражувајќи го начинот на кој ограничувачките мисли и идеи нè контролираат и не ни дозволуваат да напредуваме, Лујза Хеј нуди моќен клуч за разбирање на физичките болести и непријатности. Инспиративна книга која ги трансформирала животите на милиони луѓе, длабоко менувајќи им ја свеста за влијанието што умот го има врз нашето здравје и благосостојба.

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Како да го излечите својот живот

  • Издавачка куќа: Три
  • Автор: Лујза Хеј
  • Достапност: На залиха
  • 400 ден
  • 320 ден


  • 1 или повеќе 320 ден

Слични продукти

Моќта на позитивното живеење

Дали знаеме што сакаме? Дали го бараме тоа што го сакаме? Дали има ме добро засновани планови кои ги..

Автор:

280 ден 400 ден

Развој на интелигенцијата кај детето

Мерењето на интелигенцијата е, можеби, најчесто повторуваниот израз во психологијата во последниве н..

Автор:

210 ден 300 ден

Држете се до своите деца

Како да ги одгледуваме своите деца подложни на врсничко влијание во новиот дигитален свет?Современа ..

Автор:

480 ден 600 ден

Спокојството е клучот

Како да постигнеме успех во еден свет во кој сè бега надвор од контрола и во кој често пати се соочу..

Автор:

300 ден 400 ден

Ознаки: kako da go izlecite svojot zivot, lujza hej