Тој вели дека тоа е неговата најдобра понуда. Но дали е така? Tаа вели дека се согласува. Дали навистина се согласува? Интервјуто помина одлично – или сепак не? Прочитајте ја оваа книга и развијте ја својата невербална интелигенција.
Џо Наваро, поранешен агент на ФБИ и стручњак за невербална комуникација, објаснува како брзо и ефикасно да ги „прочитате“ луѓето: да им ги одгатнете чувствата и мислите, да препознаете кога ве лажат и да ги избегнете скриените замки. Ќе дознаете и како говорот на вашето тело влијае врз мислењето што надредените, семејството, пријателите и другите го имаат за вас. Ќе откриете:
- Кои се древните инстинкти за преживување што го поттикнуваат говорот на телото;
- Зошто од лицето најтешко се читаат вистинските чувства на личноста;
- Што ни откриваат гестовите со палците, стапалата и очните капаци;
- Кои се најмоќните гестови што ја откриваат нашата самодоверба;
- Како можеме да поттикнеме доверба или авторитет.
Џо Наваро, наречен „ловец на шпиони“ и „човечки детектор за лаги“, ни открива многу примери од своето професионално искуство покажувајќи ни како да ги разбираме мислите и намерите на луѓето, да ги откриваме и дешифрираме нивните невербални реакции, за да можеме поуспешно да комуницираме со нив. За работа или за задоволство, "Што кажува секое тело" нуди моќно знаење што го збогатува и унапредува животот.
Слични продукти
12 животни правила
Понесен од великаните на западната мисла, од најразлични домени на науката, од религиозните списи и ..
550 ден
Методот на Вим Хоф
Вим Хоф, познат и како ледениот човек, држи повеќе светски рекорди во подвизи за издржливост и излож..
500 ден
Современо семејство
Духовит и практичен водич низ предизвиците на современото семејство.Како да воспоставите добри однос..
450 ден
Престанете да размислувате прекумерно
Зачекорете по патот кон смиреноста и уживајте во сегашниот момент...Дали сте често растревожени и по..
320 ден
Ознаки: sto kazuva sekoe telo, navaro
