Во оваа книга-водич за самопомош, што дефинира една цела генерација, авторот, кој е суперѕвезда во блогерските кругови, не нè замајува со глупости од типот дека треба постојано да се обидуваме да бидеме „позитивни“, за навистина да станеме подобри и посреќни луѓе.
Веќе со децении ни се сервира тезата дека позитивното мислење е она клучното што води кон среќен и исполнет живот. Но, Марк Менсон вели: „Море кој ја ’врти‘ позитивноста. Да бидеме искрени – нештата се зафркнати, но немаме друг избор освен да живееме со нив онакви какви што се“. На неговиот многу популарен блог на интернет, Менсон ниту ја бојадисува стварноста во розово, ниту ја заобиколува. Тој ги изложува работите токму онакви какви што се, што е една вистинска доза необработена, свежа и искрена вистина – нешто што денес навистина ни недостига.
Менсон ја изнесува и ја брани тезата дека луѓето, според природата на работите, се суштества со свои мани и ограничувања. „Не може секој да биде исклучителен –општеството е сочинето од победници и губитници, а нешто од сето тоа ниту е фер, ниту, пак, е по твоја вина.“ Неговиот совет до нас е да си ги препознаеме и да ги спознаеме нашите ограничувања и да ги прифатиме – и дека токму тоа, вели тој, е вистинскиот извор на моќ со кој може да се стекнеме. Откако еднаш ќе ги прифатиме нашите стравови, грешки и несигурности – откако ќе престанеме да бегаме и да ги избегнуваме болните вистини, туку ќе почнеме да се соочуваме со нив – дури тогаш можеме и да тргнеме во потрага по храброста и самоувереноста по кои трагаме толку очајно.
„Во животот се соочуваме со мошне ограничен опсег на работи за кои треба да ни е гајле. Оттука, мораме да бидеме многу мудри во поглед на изборот за што треба да ни е гајле, а за што не.“
Менсон преку оваа книга комуницира со читателот многу непосредно и директно, а четивото е исполнето со мноштво интересни приказни и со хумор „без влакна на јазикот“. Овој своевиден манифест во исто време е и една освежувачка шлаканица в лице за секој од нас, што по прочитувањето може да ни овозможи да почнеме да живееме поисполнет и потрезвен живот.
Марк Менсон е многу познат блогер, чијшто блог го имаат посетено повеќе од два милиони читатели. Живее во Њујорк. „Баш ме заболе – како да не ти е гајле за неважните нешта“ е негова прва книга.
Е, баш ме заболе
- Издавачка куќа: Арс Ламина
- Автор: Марк Менсон
- Достапност: На залиха
- 390 ден
-
312 ден
-
- 1 или повеќе 312 ден
Слични продукти
Уметноста на создавање спомени
Секоја година имаме на располагање фиксен број денови. Некои денови нè одминуваат не оставајќи зад с..
624 ден 780 ден
Зборотерапија
Насмевката е најдобриот лек за сè… Особено насмевката која се издигнала над сите неволји и преживеал..
279 ден 399 ден
Психологија на вниманието
Откријте зошто оваа мала книга е една од најзначајните во светската психологија.Психолозите направил..
210 ден 300 ден
Старателство над животот
Неверојатна книга што инспиративно ќе ве предизвика длабоко да размислите за сопствениот живот и за ..
280 ден 400 ден
Ознаки: e bas me zabole, mark menson
