Бебињата се чудо! Не е важно колку деца имате, искуството со секое е ново, различно, посебно, и како родител никогаш не престанувате да се грижите што е најдобро за вашето дете.
Мудар родител – среќно бебе е модерна библија за родителите на дваесет и првиот век. Во седум лесни чекори, психологинката и семеен терапевт Хедвиг Монтгомери ги води родителите низ првите 24 месеци од детскиот живот. Бидејќи првите две години од животот се навистина чудесни. Неверојатно е да се воспитува дете од првите денови, од немоќно бебе што само лежи или лази до дете што чекори покрај вас и говори. Во еден момент тоа не може ништо, а веќе во следниот може сè. Тие две години се како цела вечност, еден посебен универзум. И затоа е потребен овој придружник!
Како да имате среќно дете? Како да стекнете доверба? Како да го подготвите детето за тешките нешта што следуваат? Колку навистина смеете да бидете нервозни? Која е најчестата грешка што ја прават родителите?
Мудар родител– среќно бебе е поучна и едноставна книга, која ќе ве научи како да станете родител каков што посакувате да бидете.
Мудар родител - среќно бебе
- Издавачка куќа: Антолог
- Автор: Хедвиг Монтгомери
- Достапност: На залиха
- 600 ден
-
450 ден
-
- 1 или повеќе 450 ден
Слични продукти
Не знам кај ми е главата
Оваа книга е водич, заснован на истражување за тоа како жените можат да се справат со менопаузата, к..
312 ден 390 ден
За љубовта
Љубовта е најмоќното, но во исто време и најмалку проучуваното чувство. Нејзиното познавање, како ог..
350 ден 500 ден
Завладејте со својот фокус
Оваа книга е практичен водич како да престанете да се занимавате со сенешто и да се фокусирате на би..
304 ден 380 ден
Добиј се што сакаш
Најважниот момент во сечиј живот е мигот на сопственото пронаоѓање. Она на што мислиме и во што веру..
350 ден 500 ден
