Што да правиш кога одеднаш ќе се најдеш заглавен во стапицата на секојдневната рутина, кога ќе сфатиш дека животот веќе не ти носи радост? Имаш навидум сè што ти е потребно, но нешто недостига, нешто суштинско што го први животот убав, интересен, неповторлив...
Во еден таков преломен момент Камиј, хероињата на овој волшебен роман, среќава необичен човек со уште понеобично занимање: рутинолог. Од него таа повторно ќе ја открие мудроста на вистинските избори, на заборавањето и прошката. Зашто „животот е како летачки балон што се издига со помош на топол воздух. За да се искачиш повисоко, треба да умееш да се ослободиш од товарот и да исфрлиш преку оградата сѐ што ти пречи да се кренеш“. Постепено, тој ќе ја поттикне обесхрабрената Камиј да се осмели да си постави големи соништа. И да тргне кон нивно остварување. Зашто не е најстрашно да не успееш. Најстрашно е да не се ни обидеш!
Со теоријата на мали чекори, тој ќе ја поведе по патот на самопрочистувањето и самооткривањето, за да проникне повторното во љубовта и чудото на постоењето.
„Рафаела Жордано нè учи како да излеземе од зачмаеноста и повторно да се вљубиме во животот!“ Мадам Фигаро
Твојот втор живот започнува кога ќе сфатиш дека имаш само еден
- Издавачка куќа: Три
- Автор: Рафаела Жордано
- Достапност: На залиха
- 400 ден
-
300 ден
-
- 1 или повеќе 300 ден
Слични продукти
Скриен потенцијал
Адам Грант уште еднаш ни објаснува на кој начин можеме да се издигнеме, себеси и другите, до неочеку..
450 ден 600 ден
Правилото 5 секунди
Како да се промени животот за само 5 секунди? Оваа книга го открива правилото, базирано на науч..
375 ден 500 ден
Четиричасовна работна недела
„Што работиш?“ Тим Ферис има проблем кога треба да одговори на ова прашање. Во зависност од времето ..
338 ден 450 ден
(С)Фати го типот што го посакуваш
Метју Хаси, експерт за врски и професионален стројник, во оваа книга ви ги открива тајните на машкио..
300 ден 400 ден
Ознаки: tvojot vtor zivot zapocnuva koga kje sfatis deka imas samo eden, rafaela zordano
