Ако сакате да си го промените животот кон подобро, почнете со тоа што наутро ќе си го наместите креветот! Вака адмирал Вилијам Х. Мекрејвен ги советува студентите од Универзитетот во Тексас на првиот ден од студиите. Црпејќи инспирација од универзитетскиот слоган „Она што започнува овде ќе го смени светот“, тој ги споделува со нив своите десет начела научени за време на обуката во Американската воена морнарица, кои му помогнале да ги надмине предизвиците не само во долгата кариера како маринец туку и во животот.

Во оваа своја мала но вдахновена книга тој објаснува како секој може да ги искористи овие основни и едноставни лекции за да се промени себеси – а можеби и светот. Пренесувајќи ни ги своите суштинските начела, Мекрејвен раскажува потресни и инспиритивни приказни од својот живот и од животите на луѓето што ги запознал за време на воената обука и служба, кои понекогаш морале одлучно, сочувствено, чесно и смело да донесат тешки одлуки.

Раскажана со неверојатен оптимизам, Намести си го креветот нуди едноставни мудрости, практични совети и охрабрување што нѐ инспирираат да работиме и да оствариме повеќе во својот живот, дури и во неговите најмрачни моменти.

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Намести си го креветот

  • Издавачка куќа: Три
  • Автор: Вилијам Х. Мекрејвен
  • Достапност: На залиха
  • 250 ден


Слични продукти

Поставете граници, пронајдете мир

Сите знаеме дека треба да имаме здрави граници за да ги усогласиме работата и приватниот живот, да и..

Автор:

430 ден

Да се живее поинаку

Базирана врз долгогодишни научни истражувања во областа на психологијата, како и врз професионалното..

Автор:

300 ден

Психологија на доказите и сугестиите

Да се има влијание врз другите може да биде вистински предизвик, но постои начин на кој тоа може да ..

Автор:

400 ден

Моќта на цврстиот карактер

Зошто некои луѓе успеваат, а други не?Споделувајќи сознанија од своите истражувања, Анџела Дакворт о..

Автор:

500 ден

Ознаки: namesti si go krevetot, vilijam mekrejven