Книгата „Емоционална интелигенција" е преведена на многу јазици и доживува милионски тиражи. Во овој светски хит, надвор од трендовскиот жанр, авторот, анализирајќи ги предусловите за успех и среќа на човекот во современиот свет, емоционалната интелигенција ја става над рационалната. Темелејќи го сопствениот пристап врз бројни примери од истражувања спроведени со деца и возрасни, низ оваа обемна социолошка студија, целосно ја претставува емоционалната интелигенција, како способност за: чувство кон другите и средината; реална проценка; контрола врз сопствените емоции; создавање добри меѓусебни односи. Оваа книга нуди решенија за проблеми во воспитувањето, школувањето, работењето, релациите, семејството...

Оваа книга на оние со ниско ниво на емоционална интелигенција, ќе им биде вистинско откритие, а оние, пак, коишто се одликуваат со емоционални вештини ќе добијат потврда за нивното значење. Читајќи ја оваа книга ќе се уверите дека емоционалната писменост и емоционалната интелигенција се во директна корелација со квалитетот на животот и иднината.

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Емоционална интелигенција

  • Издавачка куќа: Матица
  • Автор: Даниел Големан
  • Достапност: На залиха
  • 700 ден


Слични продукти

Атомски навики

Дали тешко ги менувате своите навики? Ако е така, проблемот не сте вие. Проблемот е во вашиот систем..

Автор:

850 ден

Вовед во будизмот

Нема посоодветна личност за запознавање на почетниците и за потсетување на искусните практиканти со ..

Автор:

350 ден

Како стекнав трајно здравје

Страница полна со здравје, и физичко и духовно, со спокој и душевен мир.Маја Волк е жената која не с..

Автор:

400 ден

Спокојството е клучот

Како да постигнеме успех во еден свет во кој сè бега надвор од контрола и во кој често пати се соочу..

Автор:

400 ден

Ознаки: emocionalna inteligencija, daniel goleman