Психологот во областа високи резултати, Мајкл Жерве, ни претставува револуционерен водич за надминување на можеби најголемата пречка за човековиот потенцијал: стравот од туѓото мислење (СТМ).
СТМ се појавува речиси насекаде во нашиот живот – и последиците се длабоки. Кога му дозволуваме на СТМ да нè води, играме на сигурно и се ограничуваме, затоа што нè плаши тоа што може да се случи по критиката. Кога ќе нè предизвикаат, се повлекуваме и се откажуваме од сопственото мислење. Ja заменуваме автентичноста со одобрување. Наместо да поттикнуваме, се трудиме да угодиме.
Но, не мора да биде така. Во „Основното правило на лидерите“, Мајкл Жерве ги открива менталните вештини и практики што ни се потребни за да го надминеме СТМ – истите вештини што ги има предавано на најдобрите светски изведувачи, вклучувајќи врвни спортисти, светски реномирани уметници и музичари, како и лидери и тимови од „Форбс 100“ листата.
Основното правило на лидерите
- Издавачка куќа: Арс Ламина
- Автор: Мајкл Жерве, Кевин Лејк
- Достапност: На залиха
- 390 ден
-
312 ден
-
- 1 или повеќе 312 ден
Слични продукти
Богат татко, сиромашен татко
Книга што го растресе финансискиот свет!Што е разликата во погледите и ставовите на богатите во спор..
360 ден 450 ден
Светот ти припаѓа тебе: Погледни се како го правиш тоа
Светот ти припаѓа тебе е книга која го издржа тестот на времето. Ова е книга за секој што сака да ја..
280 ден 400 ден
Кога телото вели не
Кога самите не сме способни да му кажеме „не“ на стресот, телото зборува место нас. А кога телото ни..
440 ден 550 ден
Ознаки: osnovnoto pravilo na liderite, majkl zerve, kevin lejk
