Интерактивен водич за градење добри навики и надминување на лошите, базиран на книгата „Атомски навики“, бр. 1 бестселерот на „Њујорк Тајмс“.


Официјалниот придружник на овој светски бестселер е следниот чекор во вашиот комплет алатки за справување со навиките. Прашалниците со насоки во вид на дневник ќе ви помогнат да се зафатите со работа на вашите навики и со силите што влијаат врз нив. Вежби што поттикнуваат размислување ќе ви овозможат да ги употребите теориите поместени во „Атомски навики“ и да го промените животот. Овој прирачник го води читателот по патот од разбирањето на навиките до тоа тие да се живеат. Системот на Џејмс Клир помага за тоа добрите навики природно да се појавуваат, при што оние непосакуваните постепено ги снемува.


Што содржи оваа книга:


  •  Обрасци за лесно следење, бележење и групирање на емоциите;
  •  Прашалници со насоки во вид на дневник за да ви помогнат во проценката на вашите физички и социјални средини, во препознавањето на тоа кои сили се во игра, и во мапирањето на вашиот сопствен потенцијал за постигнување најголем успех во поглед на навиките;
  •  Стратегии за надминување на несаканите навики и за задржување на посакуваните, дури и кога нештата не одат како што треба;
  •  Планови за тоа како вашите навики да се приспособат на вашиот живот кој е во постојана промена;
  •  Нови идеи од авторот Џејмс Клир за улогата и важноста на тоа човек да се забавува при формирањето на навиките.

Преполн со насоки, трикови и активности, „Атомски навики – Прирачник“ е вашиот водич во кој чекор по чекор се прават мали промени што ќе ги трансформираат вашите навики и ќе доведат до извонредни резултати.

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Атомски навики - Прирачник

  • Издавачка куќа: Антолог
  • Автор: Џејмс Клир
  • Достапност: На залиха
  • 900 ден
  • 675 ден


  • 1 или повеќе 675 ден

Слични продукти

Испливајте од хаосот на секојдневието

"Испливајте од хаосот на секојдневието" нуди револуционерен пристап кон чистењето и организирањето, ..

Автор:

288 ден 360 ден

Умешноста да ја креирате вашата реалност

Водич за свесни креатори„Драги свесни креатори! Во вашите раце се наоѓа Водич за креирање на ре..

Автор:

338 ден 450 ден

Чудесното утро

Што ако – за некое чудо – се разбудите утре и сфатите дека некоја или секоја област од вашиот живот ..

Автор:

320 ден 400 ден

Порив

Луѓето имаат внатрешен порив да бидат автономни, самоопределени и меѓусебно поврзани. А кога ќе го п..

Автор:

400 ден 500 ден

Ознаки: atomski naviki, djejms klir