Некои денови главата ти е полна, а срцето тивко. Некои денови не ти е ниту до мисли ниту до чувства. А, некои денови само сакаш да знаеш дека си доволно добар/а, иако ништо не ти оди од рака.
Доколку веќе посегна по оваа книга, нешто во тебе знае дека постои повеќе. Повеќе од збунетост, тишина, чувство дека не припаѓаш никаде, притисок однадвор и прашања однатре. Не случајно си дошол/а до неа.
Во неа ќе најдеш зборови што те закрилуваат, реченици што молчат со тебе, сила што ти треба и вистини што можеби никој досега не ти ги кажал. За тоа како се вели НЕ. За грешките. За популарноста. За социјалните мрежи. За стравовите. За чувствата. За родителите. За пријателите. За љубовта. За тебе. За она што навистина го чувствуваш, а не за она што го гледаат другите.
Бидејќи не си сам/а. И не си чуден/а. И твојата збунетост не е проблем, туку знак дека бараш нешто подлабоко.А оваа книга е тука… токму за тој период. Оваа книга не е само за да ја прочиташ. Таа е тука за да те придружува на твојот пат.И за да сфатиш кој/а си додека патуваш кон себе.
Оваа книга не е тука да ти соли памет. Таа е тука да те потсети кој/а си ти.
За тебе додека се бараш себе
- Издавачка куќа: Антолог
- Автор: Ана Бучевиќ
- Достапност: На залиха
- 900 ден
-
675 ден
-
- 1 или повеќе 675 ден
Слични продукти
Како стекнав трајно здравје
Страница полна со здравје, и физичко и духовно, со спокој и душевен мир.Маја Волк е жената која не с..
320 ден 400 ден
Развој на интелигенцијата кај детето
Мерењето на интелигенцијата е, можеби, најчесто повторуваниот израз во психологијата во последниве н..
210 ден 300 ден
Чудото на исправната мисла
Авторот нѐ учи дека она за кое копнееме, искрено го посакуваме и се стремиме да го достигнеме, има т..
280 ден 400 ден
Ознаки: za tebe dodeka se baras sebe, ana bucevikj
