Во секој од нас постои глас кој никогаш не замолчува. Тој не ти дозволува да спиеш, не ти дозволува да сонуваш, не ти дозволува да веруваш. Тој е твојот најголем критичар, безмилосен судија, сенка што никогаш не заминува. Те учи дека не заслужуваш љубов, дека секој обид за успех ќе заврши со пораз, дека секоја среќа е само илузија. Те убедува дека твоите грешки се твојата единствена вистина, а твоите стравови се единствената иднина.


Колку повеќе се обидуваш да го игнорираш, толку погласно ти шепоти. Понекогаш се крие зад зборови како разум и реалност, понекогаш носи маска на грижа и заштита. Но, секогаш е во тебе – истоштувачки, упорен, безмилосен.


Оваа книга е автобиографијата на тој глас, сведоштво за неговите лаги и измами, за неговата разорна моќ. Но, истовремено, таа е и огледало за тебе. Приказна што ќе те натера да се соочиш со сопствените мисли и со можноста конечно да го препознаеш, да го разоткриеш и да побегнеш од неговиот мрак.

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Гласот во твојата глава

  • Издавачка куќа: Три
  • Автор: Коста Петров
  • Достапност: На залиха
  • 299 ден
  • 239 ден


  • 1 или повеќе 239 ден

Слични продукти

Уметноста на личната привлечност : позитивната аура

Откријте дали поседувате позитивна аура, станете отпорни на агресивната привлечност и стекнете аура ..

Автор:

280 ден 400 ден

Завршете со позитивна нула

Замислете си како би било, пред да го напуштите светов, само да правите сé што некој друг ви кажал. ..

Автор:

288 ден 360 ден

Мудар родител - Умешноста на заедничкото родителство

Меѓународната сензација, серијата „Мудар родител“, е преведена во 24 држави!Авторката на најкоментир..

Автор:

600 ден 800 ден

Вовед во будизмот

Нема посоодветна личност за запознавање на почетниците и за потсетување на искусните практиканти со ..

Автор:

263 ден 350 ден

Ознаки: glasot vo tvojata glava, kosta petrov