Тој што сака секогаш и во сите ситуации да биде добар, ќе пропадне меѓу другите што не се добри...
Провокативна и контроверзна, „48 закони на моќта“ отворено зборува за мрачните страни на човековото однесување и неговата желба за моќ, што ја прави актуелна особено во денешно време.
Некои нејзини закони нѐ учат за скромноста, други за таинственоста, а некои нѐ упатуваат на бескомпромисно извлекување лична полза. Независно од моралните забелешки до кои може да се дојде, тие закони се сосем реални и видливи во нашето секојдневие. Целта на оваа книга не е да се прикаже начинот на стекнување моќ туку, напротив, да се научиме да ги препознаваме туѓите обиди за завладување на нашиот живот.
Возбудлива и богата со вистински историски настани и ликови, првпат објавена во 1998 година, ова е книга за принципите и стратегиите што луѓето отсекогаш ги користеле за стекнување и одржување на власта во различни контексти, од политика и бизнис до личните односи.
Водич со непроценливи увиди за меѓучовечките односи, за манипулацијата и општественото влијание, кои можат да се применат за лично и за професионално растење и напредување.
48 закони на моќта
- Издавачка куќа: Три
- Автор: Роберт Грин
- Достапност: На залиха
- 450 ден
-
360 ден
-
- 1 или повеќе 360 ден
Слични продукти
Тажни мисли
Зошто се чувствуваме лошо кога ни оди добро? Во оваа книга се испитува зошто, дури и кога ни од..
338 ден 450 ден
Гласот во нашата глава, зошто е важен и како да го користиме
Итан Крос е наградуван психолог, кој во оваа книга ни ги открива скриените моќи на нашиот внатрешен ..
312 ден 390 ден
Soulfood сензационален вовед во посреќен живот
Трагајте за хармонија внатре во себе, тогаш сето она по кое трагате ќе најде пат до вас. Можеме да и..
338 ден 450 ден
Продуктивни и среќни
Кажано ни е дека за да постигнеме повеќе, мораме да работиме подолго, да се сосредоточиме посилно и ..
312 ден 390 ден
Ознаки: 48 zakoni na mokjta, robert grin
