Нема посоодветна личност за запознавање на почетниците и за потсетување на искусните практиканти со основите на тибетскиот будизам од Неговата светост Далај Лама.


Обраќајќи се на публика сочинета од ученици од Западот, тој ни покажува како да ги применуваме основните будистички начела во нашите секојдневни животи. Почнувајќи токму со темелот на будизмот, со Четирите благородни вистини, ја поставува рамката за разбирање на првите учења на Буда за страдањето, за среќата и за мирот.


Потоа следуваат негови коментари за два од најважните будистички текстови од аспект на длабочината на увидот: „Осум строфи за извежбување на умот“ и „Ламба за патот до просветлувањето“ од Атиша, при што често го посочува првонаведениот текст како еден од главните извори на инспирација за практикување сочувство.


Со јасен, разбирлив јазик и со препознатливата смисла за хумор, која проблеснува во речиси сите негови дела и активизам, Далај Лама нè поканува сите да развиеме најпрониклива свесност, вистинско и правилно разбирање на природата на стварноста и искрено сочувство за сите битија.

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Вовед во будизмот

  • Издавачка куќа: Антолог
  • Автор: Далај Лама
  • Достапност: На залиха
  • 350 ден
  • 263 ден


  • 1 или повеќе 263 ден

Слични продукти

Мала книга за хиге: данскиот начин на добро живеење

За Данска често се вели дека е најсреќната земја во светот. А тоа се сведува на една работа – хиге.Х..

Автор:

624 ден 780 ден

Затворете си ја устата

Ден Лајонс, најпродаваниот автор на Њујорк Тајмс, е тука да ви каже - и немојте да го сфатите погреш..

Автор:

390 ден 520 ден

Што ќе кажат другите

Животот не е бесцелна битка за комплетно игнорирање на туѓите мислења, туку е процес на формирање кр..

Автор:

200 ден 250 ден

Петминутна терапија

Оваа книга е твојот џебен терапевт! „Петминутна терапија“ лесно и едноставно помага во процесот да с..

Автор:

312 ден 390 ден

Ознаки: voved vo budizmot, dalaj lama