Љубовта е тивко, смирувачко, релаксирачко, неизбрзано, педантно, хармонично брмчење. Нешто што лесно можете да заборавите дека е тука и покрај тоа што неговите дланки се испружени под вас во случај да паднете.
Мемоари за раната зрелост со сета нејзина застрашувачка и надежна неизвесност. Кога станува збор за обидите да се стане возрасен, новинарката и поранешната колумнистка на Сандеј тајмс, Доли Олдертон сето тоа го има видено и пробано. Во своите мемоари таа раскажува за заљубувањето, наоѓањето работа, опиеноста, отфрлањето, фактот дека момчето на кое во моментот се потпира воопшто не може да се спореди со нејзините најдобри пријателки. Мемоари за лоши состаноци, добри пријатели и пред сè – прифаќањето дека сме повеќе од доволни.
Екстремно забавна, а на моменти трогателна до солзи, посветена на справувањето со сите видови љубов во животот, духовита, полна со топлина и хумор. „Сѐ што знам за љубовта“ преплетува лични исповеди со сатирични забелешки, кратки потсетници, дневнички записи, рецепти за вкусни јадења – во кои баш секој може да се препознае – и притоа да се смее од сѐ срце.
„Доли Олдертон ја доживувате истовремено како најдобра другарка и како постара сестра, а страниците напишани со нејзина рака ве обвиваат како топла прегратка.“ - Ивнинг стандард
Се што знам за љубовта
- Издавачка куќа: Три
- Автор: Доли Олдертон
- Достапност: На залиха
- 500 ден
-
400 ден
-
- 1 или повеќе 400 ден
Слични продукти
Дисциплина без драми
Вистинското значење на зборот дисциплина не е „доведување во ред“ со казнување, туку подучување, твр..
450 ден 600 ден
Клубот 5 наутро
Светски признатиот гуру Робин Шарма ви го претставува концептот на Клубот 5 наутро – докажан систем ..
400 ден 500 ден
Што кажува секое тело
Тој вели дека тоа е неговата најдобра понуда. Но дали е така? Tаа вели дека се согласува. Дали навис..
320 ден 400 ден
Основно правило за успех : кумулативниот ефект
Без евтини фори. Без преувеличувања. Без магични стапчиња. Според Дарен Харди постои само еден, мног..
336 ден 420 ден
Ознаки: se sto znam za ljubovta, doli olderton
