Ако можеме активно да сакаме, нема да има ни недостиг на внимание ни растројство...
Книга што го разбива митот за растројството со недостиг на внимание, задолжително четиво за родителите и за сите кои сакаат да разберат како искуствата во детството ги обликуваат биологијата и психологијата на човечкиот мозок.
Растројството со недостиг на внимание (АДД) сè повеќе го привлекува вниманието на јавноста поради неговата широка распространетост и влијанието врз децата, но и врз кариерата на возрасните и социјалниот живот. Опишувајќи ја болната реалност на многу луѓе, искрено споделувајќи го своето лично искуство како возрасен со оваа состојба и татко на три деца со истата дијагноза, д-р Мате повикува на создавање семејни односи што гарантираат простор во кој сите се чувствуваат разбрани и сакани онакви какви што се.
Длабинската анализа и терапевтските опции засновани врз емоционална блискост и емпатија ќе ги променат животите на милиони деца и возрасни. Универзални по својата суштина и вредност, советите во оваа остроумна и привлечна книга се верен водич во односите на човекот со себеси, со своите деца и со опкружувањето, и ја враќаат нашата верба во првобитното право на уникатност и независност. Книга која нуди вистинска надеж и практични совети за децата и возрасните кои живеат со оваа состојба.
Расеани умови
- Издавачка куќа: Три
- Автор: Габор Мате
- Достапност: На залиха
- 550 ден
-
440 ден
-
- 1 или повеќе 440 ден
Слични продукти
Атомски навики
Дали тешко ги менувате своите навики? Ако е така, проблемот не сте вие. Проблемот е во вашиот систем..
638 ден 850 ден
Клубот 5 наутро
Светски признатиот гуру Робин Шарма ви го претставува концептот на Клубот 5 наутро – докажан систем ..
400 ден 500 ден
Да се живее поинаку
Базирана врз долгогодишни научни истражувања во областа на психологијата, како и врз професионалното..
240 ден 300 ден
100 начини како да го промените вашиот живот
Кои секојдневни навики за среќа ги препорачуваат психолозите за да внесеме радост во нашиот живот? Ш..
336 ден 420 ден
Ознаки: raseani umovi, gabor mate
