Даниел Големан во оваа нова книга, открива практични методи за користење на внатрешните ресурси за полесно да се влезе во оптимална состојба ‒ состојба на високи перформанси и задоволство, избегнувајќи исцрпеност.

Има моменти кога постигнуваме врвни перформанси: спортист совршено одигрува; деловна компанија бележи квартал со неверојатен профит. Но, овие моменти не се случуваат често, а зад секој неверојатен ден може да имаме сто обични, па дури и разочарувачки денови. Задоволството не доаѓа од поединечните врвни искуства, туку од што поголемата бројност и конзистенстност на добрите денови. Па, како да ги одржиме перформансите, истовремено избегнувајќи истрошеност и задржувајќи  рамнотежа?

Во оваа книга, Даниел Големан и Кери Чернајс, откриваат како може емоционалната интелигенција да помогне за секој ден да имате добар ден. Тие објаснуваат како да поставите реална, остварлива цел за да се чувствувате задоволно од својот продуктивен ден ‒ како постојано да работите на  оптимално ниво. Врз основа на истражувањето за тоа како стотици луѓе ја градат внатрешната архитектура на ефикасен ден, тие го скицираат чувствувото во оптималната состојба и покажуваат на кој начин емоционалната интелигенција може да ја отклучи вратата кон најдобрите лични карактеристики.

"Оптимално" е кулминација на децениските научни откритија за емоционалната интелигенција. Бенефитот од повисокото ниво на емоционална интелигенција се манифестира преку подобрена ангажираност, зголемена продуктивност и се потврдува во деновите кога се чувствувате задоволно. Во оваа книга, ќе ги најдете клучевите за усовршување на способностите на вашата емоционална интелигенција и практичните методи за што поскоро да започнете со примена на овоj сет вештини. Тоа ќе ве подготви да станете високо ефикасен лидер и ќе ви овозможи да изградите организациска култура којашто ги мотивира вработените за постигнување и одржување високи перформанси.

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Оптимално

  • Издавачка куќа: Матица
  • Автор: Даниел Големан
  • Достапност: На залиха
  • 590 ден


Слични продукти

Ти си ѕвер за правење пари

„Блескав манифест за отстранување на пречките што стојат меѓу вас и богатството од вашите соништа.“ ..

Автор:

490 ден

Да се живее со Navy SEAL

Џеси Ицлер постигнал многу во животот – има приватна авиокомпанија, косопственик е на „Атланта хокс“..

Автор:

380 ден

Зен - Уметноста на едноставното живеење

Преку јасни, практични и лекции што се учат лесно – по една на ден во текот на сто дена – познатиот ..

Автор:

350 ден

Внатрешни конфликти

Карен Хорнај е психоаналитичар и една од најзначајните критичари на Фројдовата психоанализа, а посеб..

Автор:

400 ден

Ознаки: optimalno, daniel goleman