Зошто е толку тешко да се живее добро среде хаосот и бучавата? Иако можеби мислите дека ова е проблем на современиот свет, тоа прашање постоело отсекогаш.
Пред 2000 години, античките стоици зборувале за истите предизвици со кои се соочуваме денес, како на пример:
- Како можеме да најдеме внатрешен мир?
- Што е потребно за да бидеме среќни?
- Можеме ли да станеме поотпорни?
Одговорите можат да се најдат во филозофијата на стоицизмот. Ја користам оваа филозофија од 2014 година за да го променам мојот живот и кариера. „Фокусирај се на она што е важно“ е збирка од 70 писма што ги напишав во однос на различни аспекти на животот, од среќата, богатството, здравјето до меѓучовечките односите и многу повеќе.
Овие писма, инспирирани од оригиналните дела на стоичкиот филозоф Сенека, служат како потсетници за да се фокусираме на вистинските работи во нашиот хаотичен живот.
Целта на оригиналните „Писма од еден стоик“ од Сенека била да ги сподели стоичките идеи со својот пријател Луцилиј, кој имал хедонистички тенденции и живеел доста брз живот.
„Фокусирај се на она што е важно“ е инспирирана од тие писма. Ќе ви покаже:
- Едноставни мисловни вежби за да станете отпорни и фокусирани
- Како да живеете во сегашниот момент секој ден
- Автентични стоички вредности за живот исполнет со среќа
- Начин да изградите поголема дисциплина
Накратко, оваа книга ќе ви помогне да живеете добро, и покрај предизвиците на секојдневниот живот.
Фокусирај се на она што е важно
- Издавачка куќа: Читај книга
- Автор: Дариус Форо
- Достапност: На залиха
- 420 ден
-
315 ден
-
- 1 или повеќе 105 ден
Слични продукти
Се што знам за љубовта
Љубовта е тивко, смирувачко, релаксирачко, неизбрзано, педантно, хармонично брмчење. Нешто што лесно..
400 ден 500 ден
Надмини се себеси
Со мислите патувате, љубите и привлекувате. И можете да смените сè околу вас! Само оној кој будно ги..
210 ден 300 ден
Основно правило за успех : кумулативниот ефект
Без евтини фори. Без преувеличувања. Без магични стапчиња. Според Дарен Харди постои само еден, мног..
336 ден 420 ден
Смислата на животот
„Смислата на животот“ е последното големо дело на Адлер. Тој во предговорот вели: „Што се однесува д..
280 ден 400 ден
