Во својата книга Правилото „Пет секунди“, наслов што се претвори во светски феномен, Мел Робинс научи милиони луѓе низ светот на тајната кон мотивираноста наречена „пет секунди“. А сега, се враќа со уште едно, многу едноставно и проверено функционално средство што можете да го искористите за да преземете контрола врз својот живот, наречено „Дај си петка!“.
Но насловот нека не ве залажува. Во оваа книга не се зборува за тоа дека на сите личности во својот живот треба да им „Давате петка!“. Вие тоа и онака веќе го правите. Им кликате на омилените спортски тимови. Им честитате на пријателите. Ги поддржувате своите сакани додека тежнеат кон она што го посакуваат во своите животи. Замислете со иста таква љубов и охрабрување да се опсипувате себеси. Или, уште подобро, замислете тоа да ви стане секојдневна навика. Никој нема да може да ве сопре.
Во оваа книга, Мел ве учи како да почнете да правите „да пукне“ на најважната личност во својот живот, онаа што ви го возвраќа погледот во огледалото: САМИТЕ СЕБЕСИ.
- Ако се борите со себесомневања (а, кој и не се бори?)…
- Ако веќе ви се смачило од тој здодевен и упорен критичар во вашата глава (аман веќе, нека го избрка некој!)…
- Ако сте крајно успешни, но единствено се концентрирате врз тоа што не чини (не сте единствените)…
- Ако ви е веќе преку глава да гледате како сите други напредуваат, а вие туку си седите на каучот дома со кучето (немојте сега и кучево да го вмешувате во ова)…
…Мел книгава ви ја посветува вам.
Навиката „Дај си петка!“ е едноставна, а длабока алатка, која ќе ви ги промени ставот, начинот на размислување и однесувањето. И затоа, подгответе се да се смеете и да учите додека преземате чекори со кои веднаш ќе си ги засилите самодовербата, среќата и постигнатите резултати. Време е за „Дај си петка!“, време е да си ги пружите уважувањето и поддршката што ги заслужувате.
Дај си петка
- Издавачка куќа: Антолог
- Автор: Мел Робинс
- Достапност: На залиха
- 550 ден
-
413 ден
-
- 1 или повеќе 413 ден
Слични продукти
Јади, моли се, вљуби се
Приказна што инспирира и охрабри милиони луѓе низ светот да го пронајдат најдоброто во себе! Ов..
375 ден 500 ден
Психологија на парите
Умешноста со парите зависи многу повеќе од начинот на кој се однесувате отколку од вашата интелигенц..
375 ден 500 ден
Ми велеа дека сум пречувствителна
Пречувствителноста не е слабост – може да биде твојата силна страна!Имаш ненадејни промени во распол..
315 ден 420 ден
Животот, што самиот си го избрав
Што е воопшто живот, и зошто за секој поединечен човек тој се обликува толку различно? Габриеле, про..
133 ден 190 ден
Ознаки: daj si petka, mel robins
