Како да ги одгледуваме своите деца подложни на врсничко влијание во новиот дигитален свет?
Современа класика за највознемирувачкиот тренд на нашето време – притисокот на врсниците. Неопходен водич за разбирање на овој проблем и за тоа како да му помогнете на своето дете да се справи со него.
Габор Мате и Гордон Нојфелд се зафаќаат со решавање на поткопаниот родителски авторитет. Децата сè повеќе се угледуваат на врсниците во потрагата по својот идентитет и правилата на однесување. Тоа го нарушува здравиот развој и негува непријателска и сексуализирана младинска култура. Децата стануваат опортунисти подложни најчесто на опасни влијанија, се отуѓуваат и најважно им е да бидат кул.
„Држете се до своите деца“ нуди практични совети за повторно поврзување и воспоставување соодветна домашна хиерархија, а притоа децата да се чувствуваат безбедно и сфатено и одново да ги придобиеме нивната приврзаност и љубов. Родителите можат да ги разбудат во себе вродените инстинкти и повторно да ја преземат својата природна улога да бидат за своите деца вистински извор на разбирање, сигурност и нежност.
„Достојна книга која ни носи навистина нови идеи и свежи гледни точки за родителството.“ - Мери Пајфер
Држете се до своите деца
- Издавачка куќа: Три
- Автор: Габор Мате
- Достапност: На залиха
- 600 ден
-
480 ден
-
- 1 или повеќе 480 ден
Слични продукти
Чудесното утро
Што ако – за некое чудо – се разбудите утре и сфатите дека некоја или секоја област од вашиот живот ..
320 ден 400 ден
Дневникот на еден извршен директор
Роберт Грин, авторот што направи бум со својата нова филозофија на моќта, му оддаде признание на Сти..
440 ден 550 ден
Не знам кај ми е главата
Оваа книга е водич, заснован на истражување за тоа како жените можат да се справат со менопаузата, к..
312 ден 390 ден
Ознаки: drzete se do svoite deca, gabor mate
