Траумата не е она што ви се случува вам, туку она што се случува во вас.
Во револуционерната книга „Митот за нормалното“ Габор Мате докажува дека нашата емоционална состојба и меѓучовечките односи се во тесна врска со здравјето и болеста. Според овој реномиран лекар, и покрај сета наша стручност и технолошкиот напредок, западната медицина сѐ уште не му пристапува на човекот како на целокупна личност, туку се сосредоточува само на болеста. Нашите лекари го занемаруваат фактот дека целата денешна култура на живеење го изложува телото на стрес, го оптоварува имунолошкиот систем и ја разнишува емоционалната рамнотежа.
По четири децении богато клиничко искуство, Мате согледал дека она што се сфаќа како нормално е погрешно, зашто го занемарува влијанието на доживеаните негативни искуства и на стресот. Во некој момент од животот потиснатите трауми испливуваат на површина во форма на болест. Токму затоа, медицината треба да ја согледа поврзаноста на умот и телото и да прифати дека тие се цврсто испреплетени и дека нашиот целокупен систем има едно име – телоум.
Напишана заедно со неговиот син Даниел, оваа е најамбиоциозната, можеби и најважната современа книга за здравјето. Таа е водич кон исцелувањето и претставува неодложен повик за спас на современиот човек.
„Книга во која читателите можат да најдат засолниште и утеха во моменти на длабока лична и општествена криза, која може да послужи како компас кога ќе се изгуби ориентацијата.“ – Естер Перел, психотерапевт
Митот за нормалното
- Издавачка куќа: Три
- Автор: Габор Мате
- Достапност: На залиха
- 690 ден
-
552 ден
-
- 1 или повеќе 552 ден
Слични продукти
Гласот во твојата глава
Во секој од нас постои глас кој никогаш не замолчува. Тој не ти дозволува да спиеш, не ти дозволува ..
239 ден 299 ден
Вештина на говорот
Овде ќе ги дознаете психолошките основи на говорот - уметноста за создавање лично обраќање кон вашит..
210 ден 300 ден
Светот ти припаѓа тебе: Погледни се како го правиш тоа
Светот ти припаѓа тебе е книга која го издржа тестот на времето. Ова е книга за секој што сака да ја..
280 ден 400 ден
Бескрајни можности
Луѓето остануваат во нашите животи или заминуваат од нив врз основа на нашите мисли, уверувања и оче..
338 ден 450 ден
Ознаки: mitot za normalnoto, gabor mate
