Откријте како да го прифатите несовршеното со Кинцуги. Применете го овој древен принцип во вашиот живот и научете како да се обновите себеси, одново да си го изградите животот и да си ги сакате сите мани.
Јапонските мајстори за кинцуги нежно и внимателно ги поврзуваат скршените керамички садови со помош на златно лепило, оставајќи ја поправката јасно видлива за другите. Психологот Томас Наваро верува дека ние треба да му пријдеме и на сопствениот живот со истата филозофија. Секој од нас се соочува со страдање, ама клучен е начинот на кој ги надминуваме нашите неволи и ги зацелуваме емоционалните рани. Не треба да ги криеме поправките, тие се потврда за нашата сила.
Наваро прикажува реални решенија за вистинските проблеми што ги видел во професионалниот живот. Раскажаните случки покажуваат дека е можно секоја невола и пречка да се претвори во предност и сила. Неговото психолошко разбирање и перспектива ќе ве охрабрат и ќе ве подготват за секоја пригода во која можеби ќе доживеете некаква незгода, разочарување, загуба на работното место или тага.
Многупати применета заедно со икигаи (уметноста за наоѓање цел на животот), кинцуги ни покажува како може одново да најдеме среќа, честопати и наспроти сите шанси. Всушност, едно болно искуство може да не претвори во порешителен човек, подготвен со поголем оптимизам да се соочи со светот.
"Кинцуги, што се преведува како „златна столарија“, е најновиот тренд на живеење што ветува промена на нашите животи." - The Telegraph
Кинцуги
- Издавачка куќа: Матица
- Автор: Томас Наваро
- Достапност: На залиха
- 530 ден
-
398 ден
-
- 1 или повеќе 398 ден
Слични продукти
Досие среќа
Замислете дека вашиот живот е стартап. Како би го управувале за да биде навистина успешен? Токм..
336 ден 420 ден
Внатрешни конфликти
Карен Хорнај е психоаналитичар и една од најзначајните критичари на Фројдовата психоанализа, а посеб..
280 ден 400 ден
365 дена свесни
На секој ден во нашиот живот му е доделена посебна намена! Секој ден е единствен и неповторлив...
488 ден 650 ден
Ти можеш се
Во каква ситуација и да се наоѓате, секогаш гледајте нагоре. Не плашете се дека целите превисоко. Мо..
350 ден 500 ден
Ознаки: kincugi, tomas navaro

