За да го искачиме врвот не треба да ја совладаме планината, туку себеси. Просветлувачка книга полна со моќни сознанија што нè поттикнува да ги искачиме сопствените планини ослободувајќи се од самосаботажата. Зошто и како се самосаботираме и како да престанеме да го правиме тоа за да си го подобриме животот?
Ние инстинктивно промената ја сфаќаме како можна закана. Затоа не е ни чудно што самите си градиме сопствени кафези и доброволно остануваме во нив, иако вратата не е заклучена. Но светлината ја наоѓаме дури тогаш кога сме подготвени да ја прифатиме темнината. Со извлекување клучен увид од нашите штетни навики, со градење емоционална интелигенција и подобро разбирање на нашите мозоци и тела, можеме да се ослободиме од минатите искуства и да дејствуваме со нашиот нависок потенцијал.
Планината си ти е повик за будење што влева надеж за надминување на сите пречки што ни стојат на патот кон себеостварувањето. Заборавете ги правилата за она на што ве учеле и свесно изберете нови уверувања за да создадете живот што длабоко го посакувате и го заслужувате.
„Врвен водич за сите кои се доволно храбри да се соочат со себе и да си ја повратат моќта.“ - Џена Блек, меѓународен животен тренер
Слични продукти
Преку илузија до радост
Пред да се раздени, во најтивките моменти, кога нејзиниот свет мирува, Ани слушна глас што ѝ се обра..
900 ден
12 животни правила
Понесен од великаните на западната мисла, од најразлични домени на науката, од религиозните списи и ..
550 ден
Денот – твој пријател
Секој ден нуди изобилство од можности – тие да се препознаат и да се забележат значи вистински да се..
300 ден
Да се живее поинаку
Базирана врз долгогодишни научни истражувања во областа на психологијата, како и врз професионалното..
300 ден
Ознаки: planinata si ti, brijana vist
