Не мора да имате совршен живот за да бидете среќни. Среќата е избор што го правите секој ден.
Сте размислувале ли некогаш за своите мисли? Дали сте посклони кон негативните наместо кон позитивните?
Првиот чекор кон промената е да разберете како функционираат негативните мисли и емоции. Една негативна критика може да фрли во сенка стотици позитивни. Затоа, мора да научите да ги преобразувате лошите емоции и да ги претворате во позитивни. Среќниот живот е возможен ако ги следите практичните чекори што ни ги нуди Морис.
Продадена во 100.000 примероци, оваа книга содржи докажана програма што ќе ве научи на 31 практичен чекор за совладување на негативните емоции. Ќе ви покаже како емоциите да работат за вас и ќе ви помогне да ја научите формулата за преобразба на мислите.
Тибо Морис бил интроверт и неговата повлеченост не му овозможувала да ги постигне целите што ги посакувал. Кога одлучил да си го подобри животот, сè се променило. Ова е неговата приказна за тоа како ја пронашол среќата. Може да биде и патоказ кон вашата.
„Корисен, оптимистички и добро организиран водич за справување со емоциите што ќе ви помогне да станете цврсти и непокорни.“ - Киркус ривју
Слични продукти
Никому ништо не должите
Нашите обрасци на перфекционизам и угодување на луѓето настанале врз основа на некогашните повреди н..
430 ден
Јади, моли се, вљуби се
Приказна што инспирира и охрабри милиони луѓе низ светот да го пронајдат најдоброто во себе! Ов..
500 ден
Инспиративна вистина
Книга за духовното издигнување, личните победи и враќањето на вистинскиот пат. Луѓето пишуваат ..
350 ден
Книга што посакувате да ја прочитале вашите родители
Сакајќи неговото дете да биде среќно, секој родител се труди да му го покаже вистинскиот пат. Како д..
450 ден
Ознаки: zavladejte so svoite emocii, tibo moris
