Карен Хорнај е психоаналитичар и една од најзначајните критичари на Фројдовата психоанализа, а посебно на делот за женската сексуалност. Дала своја теорија за невроза поврзана со културата. Најважен поим поврзан со теоријата на Хорнај е базична анксиозност, а пишува и за невротичните потреби кои се појавуваат поради базичната анксиозност. Нејзиното творештво го сочинуваат делата: Невротичната личност на нашето време,Нови методи во психоанализата, Неврозата и човечкиот развој и др.
Овде Хорнај ги опишува различните типови на личности и на конфликти. Укажува на тоа дека поголемиот број луѓе поминуваат низ различен број конфликти и дека сите употребуваат различни одбранбени механизми во однесувањето и во справувањето со сопствените немири. Така, личноста може во една ситуација да биде питома, а во друга агресивна или повремено да се повлече од светот во тишина и во изолација. Хорнај дава акцент на тоа како личноста одлучува да побара помош кога клучните функции на животот се во опасност. Книга за смирување на внатрешните конфликти и за пронаоѓање на вашиот спокој!
Слични продукти
Оптимално
Даниел Големан во оваа нова книга, открива практични методи за користење на внатрешните ресурси за п..
590 ден
Методот на Вим Хоф
Вим Хоф, познат и како ледениот човек, држи повеќе светски рекорди во подвизи за издржливост и излож..
500 ден
Во вортексот на остварените желби
Бестселер од Ана Бучевиќ, најзначајна балканска авторка на модерната психологија и мотивациски говор..
650 ден
Клубот 5 наутро
Светски признатиот гуру Робин Шарма ви го претставува концептот на Клубот 5 наутро – докажан систем ..
500 ден
Ознаки: vnatresni konflikti, karen hornaj
