Книга за духовното издигнување, личните победи и враќањето на вистинскиот пат. Луѓето пишуваат бидејќи никој не слуша. Од многутемина кои се соочуваат со анксиозноста, малкумина се тие кои ќе проговорат и ќе напишат некој ред, помагајќи им на другите и будејќи ја свеста на пошироката јавност. Но, може ли млад човек да говори за овие теми? Дали е потребно многу поголемо животно искуство за да се даде одговор на овој проблем?
Староста не е од пресудно значење. Важен е интересот, искуството, зрелоста и вештините на личноста. Ова е спознавање на себеси, дел од развојот и растот на секоја личност. Ова е емоционален отскок на индивидуата, непријатен по својата манифестација, но важен за заокружувањето на тој процес.
Книгата „Инспиративна вистина“ е наменета за општата јавност, за читателската публика која трага по разбирливи одговори во кои може да се пронајде и со кои може да се идентификува. Да се избере вистинскиот јазик за пренесување на мислите за оваа појава е комплицирано прашање, но играјќи на картата на искреноста, би рекле дека е најдобриот пат оваа книга да допре до секој читател.
- Книга која ќе ви помогне да се запознаете себеси и да се фокусирате на остварувањето исклучителни резултати.
- Приказна за духовното издигнување, личните победи и враќање на вистинскиот пат.
- Надминете ја илузијата за однапред изгубените битки, активирајте се за победа!
- Поздравете се со празнината, зрачете со вистинската вредност!
- Не очекувајте надворешна слобода без внатрешен мир! Оваа книга нуди решение да ја остварите таа цел...
Слични продукти
Бескрајни можности
Луѓето остануваат во нашите животи или заминуваат од нив врз основа на нашите мисли, уверувања и оче..
450 ден
Како стекнав трајно здравје
Страница полна со здравје, и физичко и духовно, со спокој и душевен мир.Маја Волк е жената која не с..
400 ден
Големата петка во животот
Оваа книга ќе ве инспирира. Ќе го промени начинот на кој ја гледате сопствената улога како лидер, а ..
250 ден
Ти си ѕвер за правење пари
„Блескав манифест за отстранување на пречките што стојат меѓу вас и богатството од вашите соништа.“ ..
490 ден
Ознаки: inspirativna vistina, orde gjorgjioski
