Кога самите не сме способни да му кажеме „не“ на стресот, телото зборува место нас. А кога телото ни зборува, треба да го слушаме.

Може ли човек буквално да умре од осаменост? Дали постои „рак-личност“? Зошто и како се појавуваат артритис, дијабетес, срцеви заболувања, мултиплекс склероза... и дали можат да се излечат?

Врз основа на научните истражувања и своето повеќедецениско искуство, д-р Мате дава одговори на многу важни прашања за ефектот на телоумот врз здравјето и улогата што стресот и индивидуалната емоционална структура ја имаат во многу болести. „Целта на оваа книга е да го опише влијанието на стресот врз здравјето. Тој е толку длабоко скриен и сраснат со нас што го чувствуваме како дел од себе. Се обидуваме да го разбереме телото одвојувајќи го од умот, но тоа е голема предрасуда“, вели д-р Мате.

„Кога телото вели не“ изобилува со животни приказни на многу пациенти. Таа е откровение што придонесува за трансформативни сознанија за тоа дека болеста е начин на кој телото му кажува „не“ на она што умот не може да го признае.

„Габор Мате вешто ги обединува последните достигнувања во биомедицината со личните приказни на пациентите овозможувајќи ни длабок увид во тоа како искуствата го обликуваат нашето здравје и однесување. Книга што мора да се прочита.“ - Брус Липтон, автор на „Биологија на верувањето“

„Ова е мошне важна книга, и за докторите и за обичните луѓе. Во секој случај спасува животи.“ - Питер Левин, доктор по трауматски стрес

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Кога телото вели не

  • Издавачка куќа: Три
  • Автор: Габор Мате
  • Достапност: На залиха
  • 550 ден
  • 440 ден


  • 1 или повеќе 440 ден

Слични продукти

Владеење со себеси

Владеењето со себеси ја подразбира моќта да се постигне најмногу и најдоброто од себе, а искористува..

Автор:

210 ден 300 ден

Реинкарнација

Реинкарнацијата не е само „источно“ знаење, зашто мислата за реинкарнацијата беше жива и во прахрист..

Автор:

154 ден 220 ден

Ставот е сѐ

Дали се плашите кога одите на работа? Дали се чувствувате уморно, несреќно и преоптоварено? Дали се ..

Автор:

270 ден 360 ден

Купи си ги е*ените лилјани

Ако барате книга што содржи совети и строги техники што ги користат петте најуспешни луѓе на планета..

Автор:

323 ден 430 ден

Ознаки: koga teloto veli ne, gabor mate