Со оваа фасцинантна збирка на записи од Џеф Безос – оригиналните годишни обраќања до акционерите, заедно со бројни говори и интервјуа коишто го откриваат неговиот живот, работа и развојот на неговите идеи – ќе ја разберете заднината на неговиот феноменален успех во деловниот свет.

Опфаќајќи многу теми од областа на бизнисот и политиката, од иновациите и опседнатоста со корисниците, па сè до климатските промени и освојувањето на вселената, оваа книга нуди редок увид во начинот на размислување на Безос, но и поглед во блиската иднина во чие обликување тој непосредно учествува. Книгата е напишана во директен, јасен стил и содржи неизоставни лекции за безнис-вредностите, стратегијата и извршувањето на деловните замисли. Покрај тоа, авторот на читателот му нуди и необично јасни и разбирливи излагања на многу поими од областа на бизнисот, финансиите, јавните политики, објаснети на оригинален и лесно сфатлив начин од страна на еден од најбогатите луѓе во историјата на човештвото.

Оваа книга е неизоставно четиво за секој што сака да разбере како визионерството на само еден човек има моќ да ги унапреди животите на милиони други, и тоа на конкретен, опиплив начин. Раководители, претприемачи кои штотуку почнуваат, но и милионите потрошувачи на производите и услугите што ги нудат претпријатијата на Џеф Безос – со оваа книга сите имаат можност да ги разберат принципите на успехот на еден од најважните иноватори на денешнината.

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Да се смислува и да се талка

  • Издавачка куќа: Арс Ламина
  • Автор: Џеф Безос, Волтер Ајзаксон
  • Достапност: На залиха
  • 450 ден
  • 360 ден


  • 1 или повеќе 360 ден

Слични продукти

Лечење на траума

Книга од круцијално значење за психијатри и за сите оние кои се обидуваат да го разберат, спречат ил..

Автор:

343 ден 490 ден

Законот на привлечноста

Ова е класична книга која повеќе од еден век воспоставува цврста основа за проучување на Законот за ..

Автор:

210 ден 300 ден

Мудар родител - среќен тинејџер

Петтата книга од серијалот посветен на семејниот живот и начинот на воспитување ќе ви помогне да ги ..

Автор:

450 ден 600 ден

Возрасни деца од емоционално незрели родители

Оваа книга нема цел да обвини никого, напротив, ни овозможува да ги разбереме родителите на едно дру..

Автор:

360 ден 450 ден

Ознаки: da se smisluva i da se talka, zbirka razmisli od djef bezos, збирка размисли од џеф безос, djef bezos, volter ajzakson