Многумина од нас инсистираат дека главната пречка за целосен, успешен живот е надворешниот свет. Всушност, нашиот најчест непријател се крие токму во нас: нашето его. На почетокот на кариерите, нѐ попречува во учењето и во градењето талент. Во фазата на успехот, може да нѐ направи слепи за сопствените недостатоци и да создаде проблеми во иднина. Во фазата на неуспехот, го зголемува секој нанесен удар и го отежнува закрепнувањето. Егото нѐ кочи во секоја фаза.
„Егото е непријател“ се повикува на широк дијапазон приказни и примери, од литературата, до философијата и историјата. Запознаваме фасцинантни фигури како Хауард Хјуз, Кетрин Греам, Бил Беличик и Елеонор Рузвелт. Сите тие достигнале највисоко ниво на моќ и успех преку скротување на сопственото его. Нивните стратегии и тактики може да бидат и наши.
Но зошто би се бореле против егото во ера што глорифицира социјални медиуми, реални ТВ-шоуа и други облици на бесрамна себепромоција? Вооружени со лекциите од оваа книга, ќе научите, како што вели Холидеј, „да се посветите помалку на приказната што ја раскажувате за сопствената посебност и како резултат, ќе бидете слободни да ги постигнете важните цели што си ги имате зададено“.
Егото е непријател
- Издавачка куќа: Антолог
- Автор: Рајан Холидеј
- Достапност: На залиха
- 400 ден
-
300 ден
-
- 1 или повеќе 300 ден
Слични продукти
Како размислуваат парите
Меката димензија на парите, која не се гледа, може да ве направи навистина богат човек.Старото сфаќа..
360 ден 450 ден
Испливајте од хаосот на секојдневието
"Испливајте од хаосот на секојдневието" нуди револуционерен пристап кон чистењето и организирањето, ..
288 ден 360 ден
Зборотерапија
Насмевката е најдобриот лек за сè… Особено насмевката која се издигнала над сите неволји и преживеал..
279 ден 399 ден
Ознаки: egoto e neprijatel, rajan holidej
