Љубовта кон себе е баласирање меѓу прифаќањето на себеси онакви какви што сте, иако знаете дека заслужувате подобро, и работењето да го постигнете тоа.
Како да научите вистински да се сакате? Како да ги претворите негативните емоции во позитивни? Дали трајната среќа е илузија?
„Добри вибрации, добар живот“ ќе ви ги одговори сите прашања. Придружете се на револуцијата што ја покрена неверојатниот Векс Кинг, откривајќи ги инспиративните пораки и универзалната мудрост што ќе ви помогнат да изградите прекрасна врска со себеси. Најдолгата врска што ја имате во животот е токму таа, па внимателно градете ја.
Надминувајќи ги животните препреки и пишувајќи за нив со мудроста од личното искуство, Векс Кинг стана извор на надеж за илјадници луѓе, а ќе ви помогне и вам:
- да се грижите за себе, да ја надминете негативната енергија и благосостојбата да ви стане приоритет
- да си ги промените верувањата, со што животот ќе ви отвори многу нови можности
- да го победите стравот и да бидете во согласност со универзумот
- да ја најдете својата повисока цел и да станете патоказ за другите
Ако го промените начинот на кој мислите, зборувате и дејствувате, ќе почнете да го менувате светот. Зашто зборовите можат да повредат, но можат и да излечат. Векс Кинг ги користи за да го разубави животот на многумина, па зошто да не го правите тоа и вие?
„Совршен водич за сите кои трагаат по излез од темнината и кои сакаат да живеат прекрасен и исполнет живот.“ - Луис Хаус, најпродаван автор на „Њујорк тајмс“
Добри вибрации, добар живот
- Издавачка куќа: Три
- Автор: Векс Кинг
- Достапност: На залиха
- 500 ден
-
400 ден
-
- 1 или повеќе 400 ден
Слични продукти
За љубовта на родителите кон децата и моралните вредности
Оваа книга е збирка од книжевните, филозофските и новинарските творби на Плутарх. Во ова негово реме..
280 ден 400 ден
Мудар родител - среќно дете
„По дваесет години како семеен психолог, знам дека никој не е роден како добар родител. Но, исто так..
450 ден 600 ден
Не почна од тебе
Депресија. Анксиозност. Хронична болка. Фобии. Опсесивни мисли. Доказот е убедлив: можно е корените ..
323 ден 430 ден
Ознаки: dobri vibracii dobar zivot, veks king
